 Кога е во прашање убавината, еволуцијата им оди во прилог на жените. Понежниот пол секојдневно станува поубав, додека мажите остануваат подеднакво естетски непривлечни како и нивните пештерски предци, тврдат научниците.
Маркус Џокела, истражувач на Универзитетот во Хелсинки, открил дека убавите жени имаат 16% повеќе деца отколку просечните припаднички на понежниот пол. Повеќето од тие деца биле од женски пол, а кога девојчињата ќе пораснат и ќе станат убави како и нивните мајки, го повторуваат истиот циклус кој доведува до тоа жените да стануваат се поубави и поубави. Џокела користел податоци собрани од американска студија која следела 1.244 жени и 997 мажи низ четири децении. Но, се чини дека судбината не им е наклонета на мажите. Имено, според истото истражување, неатрактивните мажи имаат 13% помалку деца од своите конкуренти со подобар изглед. Кога тие податоци ќе се поврзат со бројките, кои говорат дека атрактивните парови имаат 26% поголема веројатност да зачнат ќерка во однос на син, изгледа дека еволуцијата навистина на жените им одредила улога на поубав пол и секојдневно ја зголемува разликата помеѓу жените и мажите. "Доколку поубавите родители имаат повеќе ќерки и ако физичката убавина е наследна, логично е дека жените низ генерации стануваат значително поубави од мажите", вели еволуцискиот психолог Саточи Каназава. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|