 Најновите откритија на научниците веројатно ќе го шокираат светот. Тие претпоставуваат дека би можеле да направат вештачки човечки мозок во наредните десет години. Научниците тврдат дека доколку успеат, тоа ќе биде од огромна помош за дијагностицирањето и лечењето на менталните пореметувања и болести.
Професорот Хенри Маркрам на конференцијата на научниците одржана во Оксфорд кажа дека веќе успеал да реплицира делови од мозокот на глушец. „Не е невозможно на ист начин да се направи и човечкиот мозок, а ние ова можеме да го постигнеме во наредната деценија“, истакна Маркрам кој е член на проектот Blue Brain. Целта на овој проект е да се открие мистеријата на функционирање на мозокот, користејќи лабораториски анализи. Симулацијата на човечкиот мозок би била од непроценлива вредност во лечењето на опасните ментални болести. „Две милијарди луѓе на планетата патат од ментални пореметувања. Овој проект може да даде некои нови сознанија во поглед на лечењето на овие пореметувања“, додаде Маркрам. Иако сите поединечни неврони во мозокот се единствени и иако постојат очигледни разлики во мозочните способноси, помеѓу луѓето и животните како и цицачите и останатите видови, Маркрам тврди дека сите неврони се направени на ист принцип. „Сите тие делат една иста структура, без оглед на големината на мозокот или неговата морфологија“, заклучи професорот. Дали за десеттина години ќе доживееме луѓе со вештачка интелегенција, ќе оставиме времето да покаже. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|