 Кинеска двојка стапи во брак покриена со слој од пчели. Ли Венхуа и Јан Хонгхија, кои работат во шумската комисија во градот Нинган, во Северна Кина, ги одгледуваат пчелите повеќе од 25 години. Тие решиле нивниот голем ден да го направат поинтересен, и ги поканиле своите мали пријатели на венчавката. За да го привлечат ројот од пчели им помогнала пчелата кралица, која всушност служела како мамец.
„Работам со пчели веќе две декади и тоа беше очигледен избор за нашиот голем ден“, вели Ли. „Чувството да се има килим од живи пчели кои се движат по моето тело, беше неверојатно. Можев да ги почувствувам како што се движеа, беше чудесно“, дополнува неговата сопруга. Тие отсекогаш сакале пчели, но ова искуство е целосно поинакво од се што доживеале до сега. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|