Топ 10 градски плажи на светот
15-07-2009 09:05

Топ 10 градски плажи на светотГлавна тема на светскиот џет-сет е каде да ги поминат летните одмори. Тие бараат убаво и чисто море, долги песочни плажи, егзотика... А десетте најубави светски плажи се цел на најпознатите и најбогатите и го имаат токму тоа што оние со длабоки џебови го бараат. Интернет страницата Skyscanner ја објави листата на десетте најдобри градски плажи на светот. На листата се наоѓаат: пет европски и пет плажи од останатите континенти.
 
 
 
 
1. Барселона, Шпанија
 
Барселона е најголемата плажа на шпанската престолнина на која секојдневно се собираат илјадници туристи. За оние кои преферираат повеќе освежување и помали плажи, Барселона исто така има што да понуди - Нова Икариа нуди голем број на игри за целото семејство и игралишта за одбојка.
 

 
Копенхаген, Данска

Тука можете да најдете чиста вода, бел песок и летна температура од околу 20 степени. Амагер Бич Паркот е голема песочна плажа и се наоѓа најблиску до центарот. Нуди 5 километри капење и плитка лагуна – совршена пливачка зона. Ако сакате само да пливате, но да не сте вознемирени од песокот, нуркајте во Хавнебад плажата. Водате е чиста и бистра, а местото е популарна дестинација сите категории на луѓе.

 

Брајтон, Велика Британија

Плажата во Брајтон е популарна со нејзините пристаништа која пречекува со саеми, аркади, засводни ходници, странични киосци, барови и атмосфера на традиционална забава на морскиот брег.

Ванкувер, Канада

Китсилано плажата (или Китс како што локалните жители скратено ја нарекуваат) има огромна глетка протегајќи се од отворениот залив, па се до Северниот Брег во Стенли Паркот. Исто така, Ванкувер го има најдолгиот базен со солена вода, тениски терени и игралишта за деца.

Дубровник, Хрватска

Бисерот на Јадранот

Ако го барате рајот на земјата, тогаш мора да го посетите Дубровник. Стариот дел од Дубровник е заштитен од УНЕСКО, исто како нашиот Охрид. Тоа значи дека Обединетите нации го сметаат за наследство што му припаѓа на целиот свет. Дубровчани велат дека првите неколку дена во градот ќе заборавите на капење, бидејќи има многу знаменитости што мора да се посетат. Повеќе од хотелите во градот имаат пристап до плажите. А Бање веројатно е една од најпопуларните плажи во Дубровник, која нуди супер поглед на градската архитектура.

 

Њујорк, САД

И во еден од најголемите светски градови постојат неколку плажи на кои луѓето од Њујорк и нивните гости можат да се одморат од градската гужва. Островот Кони во Бруклин е омиленото бегство, како и плажите Брајтон и Менхетен - популарни места каде може одмори од неуморниот град.

 

Берлин, Германија

Необичноста на берлинската плажа е во тоа што не е на море! Сепак, берлинската (не-морска) плажа е најголема во Европа. Комплексот на Венси плажата може да собере 50 000 посетители. Помалку популарни плажи се наоѓаат покрај реката Спри каде се е направено така што посетителите уживаат како на "вистинската плажа". Стрендбар Митте е лоцирана десно од реката Спри, а луѓето од Берлин доаѓаат да се релаксираат на палубите на бродовите каде уживаат во освежувачки бел кубански рум, или мохито.

 

Тел Авив, Израел

Израелскиот главен град располага со неколку плажи близу ниговите граници. Гордон Фришмен е широка и песочна плажа, и е една од најомилените места за младите од Тел Авив,Нуди уживање во пријатни барови, диџеи, игралишта за одбојка, и супер сончање.

 

Сиднеј, Австралија

Една од најпопуларните во Сиднеј, плажата Бонди е позната по сурфањето, по баровите и рестораните на плажа,но и по спортовите како што се возењето ролери,велосипед или ролшули.
 

 

Лос Анџелес, САД

Плажите во Лос Анџелес се прочуени околу светот благодарение на авантурите на Памела Андерсон во американската ТВ серија "Baywatch". Во овој калифорниски град, можете да сретнете околу 20 плажи; Менхетен Бич има одлични погледи од заливот Санта Моника и е омилена за пешачење; Ел Матадор е мирно, романтично место идеално за брачните парови, а Редондо е совршената семејна плажа.

 

 

 

 

 

 

   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари