 Насоката за масовни комуникации на Универзитетот Провиденс во Тајван од овој семестар, воведе нов предмет за анализа на порнографски филмови. За да го положат овој предмет студентите мораат да одржат петнаесетминутна презентација во која од академска перспектива ќе ја анализираат психолошката реакција на публиката предизвикана од гледањето на порно филм.
Ако добијам добра оценка од овој предмет, не знам како тоа ќе го објаснам на моите родители, а доколку не го положам овој  предмет тогаш би разговарал со нив и им кажам дека би требало да гледам повеќе порно филмови, рекол еден загрижен студент, кој сакал да биде анонимен. При пријавувањето за овој доброволен предмет, студентите потпишале дека можат да ги напуштат амфитеатрите доколку некои сцени се прмногу експлицитни. Асистенката Чен Мингеи, која ги држи предавањата, изјавила дека никогаш ниту еден студент не го напуштил нејзиниот час, и дека само некои од студентите на кратко ги покривале очите на некои многу јаки сцени. Повеќе од 50 студенти се пријавиле за нејзините предавања и поголемиот број од нив и признале дека гледале порно филмови и многу порано. Како главна причина за земање на овој предмет студентите ја посочиле љубопитноста. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|