 Луѓето кои слушаат музика преку слушалки имаат илјада пати повеќе бактерии во ушите од оние кои не употребуваат слушалки, покажа најновото истражување спроведено на Каструб, Медицинско училиште во Индија. Иако поголемиот број од тие бактерии е безопасен, сепак некои бактерии можат да бидат и опасни.
Како што објаснуваат истражувачите затварањето на ушите со слушалките овозможува бактериите да се размножуваат. Всушност, кога ушите ќе се затворат, тогаш тој внатрешен простор станува потопол, повлажен и совршен за развој на бактерии кои од ушињата можат слободно да влезат длабоко во човечкото тело. Преносот на бактерии се зголемува со честото и континуирано користење на слушалките, а можноста за пренос на бактериите максимално се зголемува кога луѓето меѓусебе си ги разменуваат слушалките за да слушаат музика, објаснуваат индиските истражувачи. Тие потенцираат дека слушалките се штетни за здравјето и заради тоа што може да дојде до оглушување ако се слуша музика многу гласно и многу долго. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|