 Наследните особини и искуствата од детството се само половина од потенцијалот за среќа на еден човек. Другата половина зависи од седум „златни правила“. Имено, преку употребата на различни техники на „ментални вежби“ секој може да достигне чувство на исполнетост и задоволство. Тоа е основниот постулат на таканаречената позитивна психологија, односно „наука за среќата“, чиј автор е американскиот професор Мартин Селигман од Пенсилванија.
Рецептите за среќа се следните: 1. Смејте се 2. Одберете среќна професија 3. Занимавајте се со доброволна работа, или пејте во хор 4. Бидете љубезни спрема другите 5. Вложувајте во своите пријатели 6. Не гледајте телевизија 7. Шетајте се
Насмевката произведува пријатни хемиски реакции во мозокот и привлекува други луѓе. Кога се работи за професиите, истражувањата покажале дека најзадоволни се фризерките, а не заостануваат многу ни свештените лица, готвачите, козметичарките, водоинсталатерите и автомеханичарите. Луѓето кои се грижат за другите се посреќни од оние кои се грижат само за себе. Ако сте љубезни спрема другите, тие ќе ви возратат со иста мерка, а вложувањето во пријателите е најскапоценото нешто. Телевизија не треба да се гледа, дури и најпопуларните серии предизвикуваат благо чувство на депресија. Активните луѓе се посреќни. Шетајте барем неколку километри на ден, јадете јаглени хидрати, тестенини и овошје, бидејќи тие го покачуваат нивото на стеротонин – хормонот што го регулира расположението. Професорот Селигман востановил дека е можно да се контролираат, па дури и сосема да се отстранат негативните мисли. Според него, потребен е 21 ден ментални вежби за да може мозокот да си направи патека која чувството на среќа ќе го претвори во навика. Откриено е, исто така, дека луѓето кои себе си се сметаат за многу среќни, не се ниту поубави, ниту побогати, ниту поуспешни од сосема просечните луѓе. Она што ги издвојува е фактот дека откриле што ги прави среќни и според тоа се раководат во секојдневните активности. Пораката е едноставна, не можете да седете дома и да чекате среќата да ви тропне на врата! Морате да излезете и сами да си ја побарате.
|
|
|