Прегледајте си ги забите
05-08-2009 07:56

Јапонците и понатаму продолжуваат да изненадуваат со своите изуми. Овој пат со овој "дентален USB микроскоп" кој е наменет за самопрегледување на вашите заби, но и за други делови од вашето тело кои во нормални околности не би можеле да ги погледнете баш најдобро.

Станува збор за пластично стапче опремено со CMOS камера со резолуција од 1280х1024 пиксели, околу која се наоѓаат 6 LED сијалички наменети за подобро осветлување и прегледување на тешко достапните делови од нашето тело.

Имате чувство дека горната "шестка" ви е расипана? Повеќе не мора да живеете во недоумица - едноставно брцнете го USB микроскопот на Thanko во вашата уста, приклучете го во вашиот компјутер и уверете се сами дека имате кариес. Не мора да појдете на стоматолог. Чекајте до 2010 кога умните Јапонци ќе измислат и стерилизатор, турбинска глава, дуомат-мешач и USB инструмент за чистење на камен :)

За жал, овој производ е сеуште достапен само на јапонскиот пазар по цена од 80 долари.

   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари