Повикај пријател на училиште
09-07-2009 09:56

Средношколците во Австралија добија необична дозвола од својот професор. Тие за време на испит, доколку заглават на некое прашање, може да повикат пријател за да побарат точен одговор. Професорот Петер Рајнхард, инспириран од квизот „Кој сака да биде милионер“, на учениците им дозволува за време на испитите, телефонски да повикаат кој било: експерт, пријател или член од семејството, кој би можел да им помогне да го одговорат прашањето кое не го знаат.
 
„Можат да повикаат доктори, професори или некој друг кој ќе им помогне, објаснува професор Петер, кој утврди дека експертите се понервозни и од самите деца“.
 
„Многумина од нив едноставно се блокираат, како да седнале на ученичка клупа и да одговараат на прашања. На телефон стануваат особено нервозни, плашејќи се да не дадат погрешен одговор. Така ќе се посрамат себе си, а ученикот на кој треба да му помогнат ќе падне на испитот“, вели професорот Петер. Досега оваа услуга, според резултатите од испитите, се покажа дека е од голема корист.
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари