 Хотелот Mardan Palace е најскапиот хотел на Европскиот континент. Се наоѓа на крајбрежјето во популарното турско летувалиште Анталија, а неговата изградба чинела над 1 милијарда евра.
Луксузниот комплекс Mardam Palace располага со 560 соби, а ноќевањето се плаќа од 400, па се до 15.000 евра за најлуксузниот апартман, каде ќе уживате во сопствен базен, голема тераса, па дури и сопствено концертно пијано, а тоалетите се контролираат со далечински управувачи. Една чаша шампањ чини околу 50 фунти. Секоја приватна плажа е направена од по 9.000 тони најнежен и најситен бел песок кој е увезен од Египет. Совршената клима и ориенталната култура ќе му даде посебен шарм на вашиот престој во овој луксузен хотел. Хотелот е направен за да задоволи сечиј вкус, па дури и вкусот на оние најпребирливите. Најскапиот европски хотел не е многу далеку, но џебовите треба да ви бидат полни. Сепак, ако не можете да го посетите, тогаш уживајте во фотките... |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|