Најскапи градови за живеење
10-07-2009 15:29

Најскапи градови за живеењеСекоја година, "Мерсер Консалтинг" прави ранг листа на најскапи градови за живеење во светот. "Мерсер" собира информации од земји од целиот свет, споредувајќи ги трошоците за повеќе од 200 критериуми во секоја од земјите, како што се храна, домување, транспорт забава и слично.
 
Листата од оваа година многу се разликува од онаа во 2008 година, што во најголем дел се должи на моментните флуктуации и зајакнувањето на американскиот долар, кој "Мерсер" го користи како парична мерка за споредба. Овогодинешната листа на трошоци за живот покажува дека европските земји го доживеале најголемиот пад во секторот на потрошувачка. Њујорк и Пекинг оваа година влегуваат во топ 10, поместувајќи се од 20 и 22 место каде што се наоѓале ланската година. Еве како изгледа годинешнава топ 5 листа...
 
1. Токио, Јапонија

месечна кирија: $5,417  
шолја кафе: $6.50
1 литар бензин: $1.21
Дневен весник: $1.95
Фаст фуд оброк: $7.04
Ранг во 2008 година: 2

 
2. Oсака, Јапонија

месечна кирија: $2,383
шолја кафе: $5.96
1 литар бензин: $1.18
дневен весник: $1.95
Фаст фуд оброк: $6.93
Ранг во 2008 година: 11
 
 
 
 3. Moсква, Русија

месечна кирија: $5,000
шолја кафе:  $7.00
1 литар бензин: $0.58
дневен весник: $7.67
Фаст фуд оброк: $3.95
Ранг во 2008 година: 1
 
 
 
4. Женева, Швајцарија

месечна кирија: $3,439
шолја кафе: $4.73
1 литар бензин: $1.20
дневен весник: $3.44
Фаст фуд оброк: $10.23
Ранг во 2008 година: 8


 
5. Хонг Конг, Кина

месечна кирија: $4,513
шолја кафе: $5.16
1 литар бензин: $1.68
дневен весник: $3.48
фаст фуд оброк: $3.35
Ранг во 2008 година: 6

 

   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари