И Парижани си добија плажа
21-07-2009 14:29

И Парижани си добија плажаПарижани немаат море, но имаат река, не можат да се капат, но можат да се сончаат. На урбаните брегови на Сена, во понеделникот беше отворена "антикризна" песочна плажа, коja на парижаните кои се сериозно погодени од економската криза, ќе им понуди ефтин одмор.
На посетителите ќе им се нудат бесплатни чадори и лежалки, а организаторите најавија и поевтини освежителни пијалаци. Сладоледот, нема да чини повеќе од едно евро.
Песочната плажа покрај Сена за чија намена се носат десетици тони песок, никнува секоја година, но оваа година ќе биде посебно интересна поради економската криза и неможноста на многу Парижани да уживаат на вистинска плажа. Импровизираната плажа долж Сена нуди и многу ефтини анимации за посетителите од тенис, мечување, возење на велосипед, совети од диетолог, волејбич, па се до таи чи масажа. На плажата има и бразилски танчери што играат на звуците на самбата, како и петанк, типична француска игра слична на куглање. Интересно е што денес уште на пладне целата плажа била преплавена со домашни и странски туристи. Според најавите, плажата ќе биде во функција се до крајот на август.
 
 
 


   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари