Гол каубој за градоначалник на Њујорк
23-07-2009 11:04

Гол каубој за градоначалник на Њујорк Уличен свирач од Њујорк, кој се нарекува „Голиот Свирач“, миленик на њујорчани, најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Њујорк. 38 годишниот Роберт Бурк, од Менхетн, чија досегашна кариера се сведува на свирење гитара во долна облека, ќе ја најави неговата кампања на "Тајмс Сквер", со што планира да влезе во трката за градоначалник на Њујорк на претстојните избори.
Никој не знае повеќе од мене како да создаде повеќе од помалку, и тоа е единствениот начин на размислување, кој имам намера да го споделам со моите сограѓани кога ќе ме изберат", вели Роберт Бурк, кој ги забавува туристите околу Тајм Сквер. "Планирам да се посветам на прашањата околу туризмот, безбедноста и хомосексуалните бракови", изјави Бурк за медиумите. Со каубојска капа, чизми и пар бели гаќи, "Голиот Каубој" свирејќи на гитара заработува околу 1000 долари (600 евра) на ден!. Главен предизвик на Бурк ќе му биде актуелниот градоначалник и билионер Мајкл Блумберг од Волстрит, кој се надева дека и третпат ќе стане градски татко на Големото Јаболко. До сега господинот Блумерг потроши милиони долари на својата кампања, вклучувајќи и низа на телевизиски реклами.
 
 
 

 
 
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари