Дешифрирана тајната на вечната младост
22-07-2009 11:17

Дешифрирана тајната на вечната младостДури 1.500 гени се одговорни за стареење на кожата, заклучила по долгогодишно истражување група научници, кои работеле на специјален проект на познатата хемиска компанија „Проктер енд Гембл“. Тајната на „вечна младост“ и повеќе децениското одржување на идеален надворешен изглед тие успеале да ги дешифрираат со генетска анализа на човечкиот организам. Благодарејќи на ова откритие, се појави можност на генетско ниво да се сврти биолошкиот механизам на стареење на кожата и во текот на целиот човечки живот да се задржи нејзиниот младешки изглед и свежина. „Наскоро на планетава нема да има ниту еден човек со брчки, освен ако тој не сака да ги има намерно“, пренесуваат медиумите. Механизмот на стареење на кожата има неколку клучни причини, меѓу кои е и слабеењето на способноста на ќелиите да ја задржат водата. Губењето вода всушност го предизвикува создавањето на брчки. Научниците укажуваат дека за овој процес се одговорни 700 гени. Во случај на одржување на нивните активни функции, брчките нема да се појавуваат.
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари