Абрамович ја купи најскапата јахта во светот
16-06-2009 15:44

Абрамович ја купи најскапата јахта во светотПознатиот руски милијардер Роман Абрамович, за 340 милиони евра ја купи најскапата јахта во светот, пренесува германската телевизија Дојче Веле. За рускиот олигарх ова е само уште еден предмет со кој ќе се потенцира неговото огромно богатство. Eclipse е најголемата приватна јахта на светот, изработена во хамбуршкото бродоградилиште и ги има најновите технологии за заштита.

Долга е 170 метри и во неа има врадено антиракетен одбранбен систем, а и прозорците во неговиот главен апартман се отпорни на куршуми. Јахтата има и приватна подморница, која служи за тајно бегство од бродот. За удобноста на гостите ќе се грижи персонал од 70 луѓе. Само за одржување на јахтата познатиот сопственик на фудбалскиот клуб Челзи треба годишно да извојува од 25 до 30 милиони евра.

 

Сега господарот на Дубаи, шеикот Мохамед, ако сака да се врати на врвот ќе треба да одвои нешто повеќе од 350 милиони евра, колку што чини најновата играчка на Абрамович.

   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари