Живот и Здравје
Затвор за носење танга во САД
Иако танга гаќичките се премногу секси кога ѕиркаат од панталоните, сепак американските власти не мислат така и сметаат дека тоа е прекршок. Жените кои ќе бидат фатени со танга гаќички од кои им се гледа задникот, ќе мора да платат казна од 1200 долари или затвор од 90 дена. Ако на дете помладо од 14 години му се гледа нешто што не би смеело, казната е 5000 долари или затвор од една година.
Повеќе...
 
Од сиромашно селанче до милионер!
Млад сиромашен ранчер, стана милионер преку ноќ, откако доби џекпот од 232 милиони долари. Што има поубаво од тоа да си толку сиромашен, што заради не плаќање данок државата ти ја одзема камп приколката во која живееш, и по само некое време на лото да ти се паднатат 232 милиони долари. 23-годишниот Нил Ванлес од Јужна Дакота е добитникот на 9-от по големина џекпот во историјата на САД, објави организаторот на наградната игра, лотаријата на Јужна Дакота.
Повеќе...
 
Млада жена, значи подолг живот
Најновите истржувања на германскиот Институт „Макс Планк“ покажуваат дека мажите кои имаат помлади жени живеат подолго од оние кои се во брак со врснички. Шансите мажот да умре порано можат да се намалат за 20% ако неговата сопруга е 15 до 17 години помлада од него. Ризикот од прерана смрт се смалува на 11% доколку партнерката е помлада од мажот меѓу 7 и 9 години. Истражувањето покажа дека мажите кои ќе се оженат со постари жени имаат поголеми шанси да умрат порано.
Повеќе...
 
Откриена генетска мутација која предизвикува ќелавост
Мутација на генот „Cox 21“ би можела да биде причинител за појавата на ќелавост, односно алопеција кај луѓето, покажаа резултатите на истражувањето на јапонскиот Институт за генетика. Шефот на истражувачкиот тим, Јумико Сага изјави дека до ваквиот заклучок е дојдено врз основа на експериментирање со глувци чиј ген бил модифициран. При тоа е утврдено дека после 15 дена по генетската мутација глувците останале без влакна.
Повеќе...
 
Бесплатни силикони за чешките болничарки
Една приватна клиника во Чешка, соочена со недостаток на работен кадар се одлучи да понуди бесплатна корекција на градите, липосукција или рамнење на стомакот на секоја нова медицинска сестра, која ќе потпише тригодишен договор за работа во клиниката. Понудата важи и за докторите и за секретарките. Оваа неочекувана понуда на приватната клиника во Прага, по се изгледа дека е полн погодок, бидејќи постигна навистина експресен резултат.
Повеќе...
 
Харвард отвара катедра за хомосексуалност
На реномираниот американски универзитет Харвард од идната година ќе започне да работи катедра, посветена на студии за хомосексуалците, лезбејките и трансексуалците, објавија луѓето заслужни за нејзиното основање. „Хомосексуалниот и лезбејскиот одбор на Харвард, истакна дека катедрата ќе му овозможи на универзитетот редовно да повикува еминентни експерти за проучување на сексуалните малцинства.
Повеќе...
 
Прва венчавка во куќата на Јулија
Во понеделникот во куќата во Верона, каде според легендата живеела Јулија се одржа првата венчавка. Први кои се венчаа во куќата на шекспировата хероина се фудбалер на локален клуб, Лука Чакарели и Ирена Ланфорти, објави италијанската државна телевизија РАИ. Градските власти од Верона, најавија дека во иднина имаат намера редовно да организираат вакви венчавки, на балконот под кој Ромео ја чекал својата љубена.
Повеќе...
 
Му ја зашил устата оти многу зборувал
Изнервирано момче, кое повеќе не можело да ги слуша коментарите на својот врсник, за да го замолчи му ја зашил устата. Еден 20 годишен Тајванец на својот врсник со игла и конец му ја зашил устата, бидејќи му одело на нерви, тоа што на сите им раскажувал за нивната кавга за пари. Изнервираниот Ванг со помош на своите пријатели го совладал несреќниот Чанг и на устата му сошил пет конци.
Повеќе...
 
Цигарите се поштетни за жените отколку за мажите
Токсичното дејство од пушењето поштетно влијае на жените отколку на мажите, покажуваат резултатите од истражувањата на американските експерти од Бригам, женската болница во Бостон и норвешките научници од Бергенскиот универзитет. Тие утврдиле дека кај жените порано се јавува оштетување на белите дробови отколку кај мажите и оти за тоа се потребни помал број на цигари.
Повеќе...
 
На секои 7 години ново друштво
Денес благодарение на Фејсбук имаме многу повеќе пријатели, но кога се во прашање блиските другари, нив речиси половината ги губиме и ги заменуваме со нови, на секои седум години. Поради ова бројот на пријатели секогаш е скоро ист. Луѓето, најчесто мислат дека имаат контрола над изборот на пријатели, но тоа не е баш така. За едно пријателство, исто колку што влијае личниот избор, толку влијае и друштвото во кое сме се запознале со пријателот.
Повеќе...
 
Парада на плавуши за кревање на моралот
Повеќе од 500 атрактивни плавуши во недела ќе се прошетаат по улиците на Рига, на парадата, која што е организирана за подигнување на моралот на Летонците, чија земја е во длабока економска криза, соопштуваат организаторите. „Економската ситуација е таква, што на луѓето им е потребен ваков настан“, вели Марика Гидаре, претседател на летонското друштво на плавуши. Луѓето се депримирани, не чувствуваат доволно позитивни емоции. Парадата е нешто многу позитивно и симпатично.
Повеќе...
 
Подарете и чоколаден пенис
На човековата имагинација и нема крај. Благодарение на новиот изум и неговиот посебен прибор, можете да направите реплика на омилениот пенис од млечно чоколадо. Овој необичен прибор содржи се што ви е потребно за да направите машки полов орган од чоколадо! Одлично ќе се забавувате, а за само три потези ќе добиете чоколаден десерт на кој многу ваши пријателки ќе ви позавидат.
Повеќе...
 
И вагината на естетски хирург
Најнов хит во естетската хирургија ширум светот моментално е промената на изгледот на вагината, а се смета дека таквиот хируршки зафат по популарност ќе ги надмине дури и зголемувањето гради, корекцијата на нос и отстранувањето на брчки, тврди екипа за пластична хирургија од САД. Целата приказна започнала пред неколку години во Калифорнија, а денес во САД и Канада повеќе од 20 клиники го нудат овој вид на медицинско естетска интервенција. Дури и во Азија постојат клиники кои се занимаваат со вагинална естетска хирургија.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 3 од 13