Живот и Здравје
Прегледајте си ги забите
Јапонците и понатаму продолжуваат да изненадуваат со своите изуми. Овој пат со овој "дентален USB микроскоп" кој е наменет за самопрегледување на вашите заби, но и за други делови од вашето тело кои во нормални околности не би можеле да ги погледнете баш најдобро. Станува збор за пластично стапче опремено со CMOS камера со резолуција од 1280х1024 пиксели, околу која се наоѓаат 6 LED сијалички наменети за подобро осветлување и прегледување на тешко достапните делови од нашето тело.
Повеќе...
 
Жените стануваат се поубави
Кога е во прашање убавината, еволуцијата им оди во прилог на жените. Понежниот пол секојдневно станува поубав, додека мажите остануваат подеднакво естетски непривлечни како и нивните пештерски предци, тврдат научниците.
Повеќе...
 
Венчавка со пчели
Кинеска двојка стапи во брак покриена со слој од пчели. Ли Венхуа и Јан Хонгхија, кои работат во шумската комисија во градот Нинган, во Северна Кина, ги одгледуваат пчелите повеќе од 25 години.  Тие решиле нивниот голем ден да го направат поинтересен, и ги поканиле своите мали пријатели на венчавката. За да го привлечат ројот од пчели им помогнала пчелата кралица, која всушност служела како мамец.
Повеќе...
 
Дешифрирана тајната на вечната младост
Дури 1.500 гени се одговорни за стареење на кожата, заклучила по долгогодишно истражување група научници, кои работеле на специјален проект на познатата хемиска компанија „Проктер енд Гембл“. Тајната на „вечна младост“ и повеќе децениското одржување на идеален надворешен изглед тие успеале да ги дешифрираат со генетска анализа на човечкиот организам.
Повеќе...
 
Се омажила за куче
Дваесет и деветгодишната Емили Мабу од Гана се омажила со своето куче, старо 1,5 години поради тоа што според неа, единствено кучето ги поседувало квалитетите на нејзиниот татко. Девојката и кучето ги венчал локален свештеник, а на свадбата присуствувале само љубопитните селани. Семејството на Мабу ја бојкотирало „свадбата“, а нејзиниот помлад брат истакнал дека ова е глупав потег на борба против осаменост.
Повеќе...
 
Најскапиот хотел во Европа
Хотелот Mardan Palace е најскапиот хотел на Европскиот континент. Се наоѓа на крајбрежјето во популарното турско летувалиште Анталија, а неговата изградба чинела над 1 милијарда евра.
Повеќе...
 
Париз најдобар, Лондон најлош за туристите
Според анкетата која ја спроведе порталот "Трип адвајзер", Лондон од туристите e прогласен за најлош град во Европа. Причините се: најлоша храна, највалкан, а воедно и најскап.
Повеќе...
 
И Парижани си добија плажа
Парижани немаат море, но имаат река, не можат да се капат, но можат да се сончаат. На урбаните брегови на Сена, во понеделникот беше отворена "антикризна" песочна плажа, коja на парижаните кои се сериозно погодени од економската криза, ќе им понуди ефтин одмор.
Повеќе...
 
Топ 10 градски плажи на светот
Главна тема на светскиот џет-сет е каде да ги поминат летните одмори. Тие бараат убаво и чисто море, долги песочни плажи, егзотика... А десетте најубави светски плажи се цел на најпознатите и најбогатите и го имаат токму тоа што оние со длабоки џебови го бараат. Интернет страницата Skyscanner ја објави листата на десетте најдобри градски плажи на светот.
Повеќе...
 
Вештачки мозок за 10 години
Најновите откритија на научниците веројатно ќе го шокираат светот. Тие претпоставуваат дека би можеле да направат вештачки човечки мозок во наредните десет години. Научниците тврдат дека доколку успеат, тоа ќе биде од огромна помош за дијагностицирањето и лечењето на менталните пореметувања и болести.
Повеќе...
 
Гол каубој за градоначалник на Њујорк
Уличен свирач од Њујорк, кој се нарекува „Голиот Свирач“, миленик на њујорчани, најави дека ќе се кандидира за градоначалник на Њујорк. 38 годишниот Роберт Бурк, од Менхетн, чија досегашна кариера се сведува на свирење гитара во долна облека, ќе ја најави неговата кампања на "Тајмс Сквер", со што планира да влезе во трката за градоначалник на Њујорк на претстојните избори.
Повеќе...
 
Најсреќното место на светот
Британката Алисон Рикс го пронашла полето во Тисајд. На него растат само детелини со повеќе од четири листови. За само еден ден, таа пронашла примероци со четири, пет, шест, па дури и седум листови! "Мора да се работи за некоја аномалија помеѓу растенијата", сметаат ботаничарите.
Повеќе...
 
Најсилното дете на светот
Додека неговите врсници си играат со коли и со топки, тој се занимава со гимнастика и крева тегови. Малиот е билдер. Џулијано има само 4 години, а веќе се запиша во Гинисовата книга на рекорди. Овој Романец се прослави со своите професионални гимнастичарски способности и го заработи прекарот „Малиот Хулк“. Повеќето восхитувачки подвизи клинецов ги заокружи со поставување на Гинисов рекорд за одење на раце.  
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 13