 Деновиве во водите на западна Австралија, за прв пат во целост е снимено раѓање на кит. Пораѓањето на женката, успеале да го документираат двајца австралиски истражувачи, кои ја следеле сезонската миграција на најголемите морски цицачи. На истражувачите им успеало да го снимат и првото вдишување на воздух на бебето кит.
Неверојатниот настан го снимиле Курт и Мишелин Џенер, кај коралниот гребен Ningalоo Reefu во Западна Австралија. Откако ја приметиле закрвавената вода околу женката кит, сфатиле дека сведочат на породување на кит. Бебето кит пливало во круг, држејќи се за мајката. Додека двајцата истражувачи ја следеле сцената, мајката нурнала во водата, а своето младенче го држела во уста над водата. По нивните процени, младиот кит бил долг околу 5 метри и тешко околу 1,5 тони, а во споредба со мајка изгледал многу мал. "Бевме возбудени со фактот дека сме привилегирани да бидеме сведоци на овој спектакл после цели 20 години, колку истражуваме китови", изјавила Мишелин Џенер продолжувајќи со описот на овој конечно снимен чин. Мајката нежно го држеше некои десетина секунди, за да може малото за прв пат во животот да земе воздух За кратко време младото китче почнало да плива. Личеше на мала гумена играчка во вода, изјавија среќните истражувачи. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|