 Пред 30 години на 1 јули 1979, јапонската компанија Сони го произведе првиот вокмен, револуционерен нов апарат кој од корен го промени начинот на кој луѓето слушаат музика насекаде во светот. Но иконата на дигиталната ера, наречена ај-под, веќе успеа да го претрка стариот добар вокмен. Претставувањето на преносливиот касетефон со слушалки на 1 јули 1979 година помогна јапонската компанијата Сони да се издигне во глобален центар за електроника.
Само во првите два месеци откако почна сериското производство, Сони продаде 30.000 вокмени, а за една деценија продажбата достигна 50 милиони. Татко на вокменот е инженерот на Сони, Нобутоши Кихара, кој првите цртежи ги дизајнира рачно. Првите реакции на вокменот биле негативни. Многумина сметале дека новиот апарат нема шанси на пазарот. Но до денес во светот се продадени вкупно 385 милиони вокмени. Сони го избрала името вокмен поради популарноста во тоа време на филмскиот лик Супермен и на аудио рекордерот Пресмен. Супермен + Пресмен = Вокмен. Името вокмен остана и во 1986 година беше вклучено во Оксфордскиот речник на англиски јазик. ББС го замоли 13-годишниот Британец Скот Кембел, да го замени неговиот дигитален ајпод со старомодниот вокмен. Тој вели дека неговите другари не можеле да замислат како нивните родители го користеле вокменот. На Скот ми биле потребни три дена за да открие дека касетата има и друга страна. Во изминативе години Сони се обиде да го редизајнира вокменот во нови верзии, но сепак падна пред сериозниот предизвик што дојде од коценрот Епл, кој продаде 100 милиони ај-под уреди за помалку од 6 години откако се појави на пазарот, со што стана најбрзо продаван музички плеер во историјата. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|