 Најпознатата онлајн енциклопедија, Википедија наскоро ќе добие и видеооддел. Во новиот оддел од енциклопедијата ќе може да се средуваат видеосодржини исто како што тоа до сега се извршуваше во текстуалниот дел на Википедија. Лицата што уредуваат текстови на Википедија за два до три месеци ќе можат да ја користат новата апликација „Ед медија“. Со вклучување на апликацијата се отвора интерфејс за додавање на видео материјали што не се заштитени со авторски права.
На почетокот ќе постојат три бази на видеоматеријали, кои секој ќе може да ги користи. Со воведување на видеоснимки и содржини, Википедија ќе добие една сосема нова информативна димензија. За користење на оваа надградба не е потребно да инсталирате програма за уредување или за конвертирање на видеосодржини, туку целата процедура ќе се врши на серверите на Википедија. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|