 Корисниците на You Tube, видео сервисот веќе можат да превземаат популарни и омилени содржини преку неофицијални програми и апликации. Сега и самиот You Tube ја понуди оваа услуга, која полека започнува да се додава на видео клиповите поставени на популарниот сајт. Опцијата „Click to download“ за сега може да се види под видео клиповите најчесто со политичка содржина (како што се клиповите со Барак Обама),
но од You Tube најавуваат дека во брзо време и останатите видео материјали ќе добијат „download“ опција. Само останува да се види како You Tube ќе се избори со големата пиратерија и со проблемите со „copywriting“. Претходните неколку месеци You Tobe претстави некои интересни новости и услуги, кои значајно ја зголемија посетеноста на сајтот. Додадена е опцијата High Definition Videos, а тука се гледање на содржината на клиповите на целиот екран и можноста превземање филмови и содржини кои трајат повеќе од 10 минути. А сите овие услуги и понатаму се бесплатни.
|
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(1 гласови)
|
|
Остави коментар
|

rwqsdfjhsdgjgvjcОд: CAROT на 23-05-2009 08:40
umrena rabota i zaostanata najmalklu 5 godini
» Одговори на овој коментар...