 Уделот на Bing во јули порасна на 9,41% од претходните 8,23% застапеност во јуни, додека истовремено Google бележи пад од 78,48% на 77,54% удел на американскиот пазар. Сепак, доколку во уделот на Bing се вброи и позицијата на Yahoo, со кого Microsoft склучи договор за 10-годишно партнерство на полето за интернет пребарување, нивниот комбиниран удел во САД во текот на месец јули би изнесувал 20,36%, наспроти 19,27% во јуни.
На глобално ниво Bing и Yahoo исто така бележат раст, но значително помал. StatCounter ги објави само комбинираните резултати според кои Microsoft и Yahoo заедно во јули држат околу 8,77% од целокупниот пазар на пребарувачи во светот, за разлика од 8,45% во јуни. Истовремено, уделот на Google на глобално ниво падна од 89,8% на 89,23% застапеност. Никој сеуште не се обидел да објасни на што се должи должи популарноста на BING, дали на преголемата маркетингшка кампања, или пак навистина е добар за пребарување. |
|
|