Најиздржливиот телефон на светот
09-07-2009 08:21

Најиздржливиот телефон на светотLand Rover создадоа мобилен телефорн, наречен S1, кој се смета за најиздржливиот телефон на светот. Ова е констатирано откако бил фрлен од втор кат, прегазен од слон и потонат во кал. Моделот прв пат бил тестиран на Монт Еверест, од страна на ветеранот истражувач Сер Ранулф Финес, кој го носел со себе во освојувањето на највисокиот врв во светот. S1 има батерија која издржува недостижни 1500 часа, и доаѓа во пакет со екстра гласен ринг тон. Исто така има GPS, FM радио, 2GB меморија и водоотпорна камера. За време на тестирањето овој мобилен телефон преживеал и печење во шпорет, потопување во чаша пиво, а конечно се скршил кога бил прегазен од вилушкар од три тони. Овој високо квалитетен телефон е креиран за оние кои работат и престојуваат на отворен терен, во тешки услови. „Кога започнавме со креирањето на телефонот, не постоеја стандарди по кои би го тестирале, така што и тие сами ги осмисливме", велат од компанијата. Телефонот е пуштен во продажба минатата недела во Велика Британија, а неговата цена изнесува 410$. Скапо, но доаѓа со безусловна тригодишна гаранција, па можете да скокате врз него колку што сакате. 
 
 
 


   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 

Прикажи 1 од 1 коментари

GooD

Од: bato_1 на 11-07-2009 15:50

Ovoj Telefon e stvarno EXTRA !!!

 

» Одговори на овој коментар...

Прикажи 1 од 1 коментари



Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.