Мобилен телефон за деца до 6 години
30-06-2009 11:48

Мобилен телефон за деца до 6 години На европскиот пазар наскоро ќе се појави Фајарфлај, мобилен телефон, кој е посебно дизајниран и поедноставен за да можат да го користат и деца што се во предучилишна возраст.  Фајарфлај чини 90 евра, има поедноставени опции, а со помош на безбедносниот ПИН, родителите можат да ги контролираат и блокираат несаканите повици. На тастатурата има пет копчиња, од кои две ги претставуваат мајката и таткото. Овие копчиња овозможуваат детето брзо и лесно да ги повика своите родители, додека третото е наменето за именикот, кој собира 20 броја. Преостанатите две копчиња служат за јавување и за прекинување на повикот. Производителот на „Фајарфлај“ смета дека уредот е безопасен, особено бидејќи нема опција за испраќање пораки ниту фотографии, кои би можеле да имаат недозволена содржина. Досега во Британија Фајарфлај е продаден во над 7.000 примероци, но повеќето родители не ги воодушеви. „Овој мобилен телефон отвора многу прашања. Од кои најбитно е што ќе им е на четиригодишни деца мобилен телефон? Да разговараат со своите врсници, со родителите или со воспитувачките од градинка. Не разбирам“, изјави Ени Линч, претседателка на Националниот родителски совет на Велика Британија. На најавите за појава на овој мобилен телефон за деца реагираа и други здруженија за заштита на децата и нивното здравје, кои сметаат дека децата не треба да имаат телефон сé додека не стигнат до повисоките одделенија од основно образование. 
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари