Британску ди-џеј алергичен на Wi-Fi
27-07-2009 15:32

Британску ди-џеј алергичен на Wi-FiБританскиот клупски Ди-џеј Стив Милер и откри на јавноста дека нормалниот живот му е буквално загрозен од безжичната локална компјутерска мрежа, позната како Wi-Fi. Милер, тврди дека секогаш кога е изложен на зрачењата на Wi-Fi уредите чувствува вртоглавица, премаленост и дезориентираност.
Тој не може да оди по хотели, во поголем број на пабови, не може да се вози со возови или да оди по прометни улици, не затоа што е социофоб, туку едноставно е алергичен на електросмогот, кој го предизвикува безжичниот интернет. Еден е од 2% на луѓе кои не поднесуваат електричен смог. Експертите сметаат дека станува збор за електромагнетна хиперсензитивност, поради што лицата кои страдаат од ова нарушување се чувствуваат како бегалци на сопствената планета, бидејќи во денешно време речиси е и невозможно да не се сретнете со Wi-Fi зрачењата.
 

 
Стив Милер можеби би имал далеку поуспешна кариера да не е така ограничен на прашањето на кои места може да биде. „Не можам да се шетам по прометни улици затоа што се загушени со електромагнетни сигнали", кажува човекот на кој модерната технологија не му е склона. Пред да му се појави алергијата, Милер бил Диџеј на Ибица. Освен што таму ја изгубил работата поради нетипична осетливост, морал да откажи и низа настапи преку Атлантикот затоа што повеќето аеродроми и повеќето хотели имале Wi-Fi. Единствено место каде се чувствува сигурен од безжичните напади е неговата куќа во Корнвол, чии ѕидови се изработени од гранит и се дебели 46 сантиметри.
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари