 Компанијата Kingston реши да се фокусира на произведувањето на џебни USB флеш мемории со најголем капацитет. Откако претстави USB стикче со капацитет од 128 GB, сега пристигнува и верзија со двојно поголем капацитет.
Како што наведува производителот, уредот Kingston Data Traveler 300 освен капацитетот од 256GB има брзина на читање од 20MB/s и брзина на запишување од 10МВ/s, што не е спектакуларно, но не е и лошо. Но, доколку сакате да имате USB меморија со најголем капацитет за неа ќе морате да издвоите и поголема сума на пари, во случајов 900 долари.
|
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|