Технологија
Изградена куќа го менува обликот
Рос Расел од Англија ја создаде првата куќа на светот, која може да го менува својот облик.  Со  притискање на едно копче, куќата го открива своето право лице. За само шест минути челичната конструкција, која ја прекрива зградата може да се помести кон напред и да  стане натстрешница, а со поместување назад таа ја прекрива дополнителнта зграда и двор. Куќата има неколку комбинации, а секоја има своја предвидена функција.
Повеќе...
 
Сончање со монитор
Звучи неверојатно, но веб страната ComputerTan, целосно може вашиот монитор да го претвори во УБ ламба за сончање, а по петминутен третман ќе го имате и посакуваниот бронзен тен. Сите оние корисници кои се наоѓаат на револуционерната страна, сосема бесплатно ќе можат да се исончат како да се на сонце, објави ComputerTan. Оваа веб страна само за неколку денови имала еден милион корисници.
Повеќе...
 
Гаќи што не се перат
Вселенските научници дизајнираа долна облека, која нема да впива пот и непријатни мириси, а ќе може да се носи 5 дена. Гаќите се изум на Јапонските научници. А моментално ги тестира Коичи Ваката, првиот јапонски астронаут, кој живее во Меѓународната вселенска станица. Линијата на новата супер долна облека е наречена „Ј-ware“, а за нејзиното креирање заслужни се експертите за текстил од јапонскиот универзитет во Токио.
Повеќе...
 
Нов начин на комуникација во Белата куќа
Американските медиуми: The Nation, Washington Times и Personal Democracy Forum се обединија за реализирање на проект, кој ќе овозможи прашањата на граѓаните на САД да му бидат поставени на американскиот претседател Барак Обама. Граѓаните своите прашања може да ги поставуваат на сајтот Ask the President. Американците ќе имаат можност преку систем на гласање да изберат кое прашање, новинарите ќе му го постават на Обама за време на прес конференциите во Белата куќа.
Повеќе...
 
Звучник привезок за активните корисници
„Sony Ericsson“ го претстави новиот додаток, со кој слушањето музика во движење го однесе на едно многу поинакво ниво. Моделот „Sony Ericsson Outdoor Wireless Speaker MS500“ совршено се надополнува со понудата на Bluetooth мобилни телефони, без разлика дали станува збор за „Sony Ericsson“ или за некој друг произведувач на мобилни телефони.
Повеќе...
 
Телеком Словенија го купи Космофон
Телеком Словенија за 190 милиони евра го купи вториот по големина мобилен оператор во Македонија Космофон, заедно со неговиот продажен синџир Германос. Купопродажниот договор е потпишан денеска помеѓу раководството на Телеком Словенија и грчки Космоте, кој досега стопанисуваше со Космофон. Групацијата Телеком Словенија веќе е присутна на македонскиот телекомуникациски пазар преку
Повеќе...
 
Часовник што ја претскажува иднината
Еден швајцарски производител на часовници се здружи со индиските претскажувачи на иднината за да го дизајнираат првиот часовник што ќе ја претскажува иднината. Часовникот на подлогата ќе има посебна површина, која ќе ја менува бојата кога нешто лошо треба да му се случи на оној кој го носи, тврди произведителот. Истото ќе се случи и кога треба да нападнат лошите демони, а бојата нема да се промени се додека претскажувањето не се оствари.
Повеќе...
 
Автобус на вода и на копно
После шест години дизајнирање и развој Amphicoach, подготвен е да го лансира својот прв модел на амфибиски автобус. Станува збор за првиот автобус на светот, кој може да се снајде подеднакво добро во вода, како што може и на копно. AmphiCoach GTS-1 е направен во Малта, и е во состојба подолго време да биде нурнато во морска или слатка вода.
Повеќе...
 
Батерија која се полни за неколку секунди
Истаржувачите од MIT создаваат нов батериски материјал, кој наскоро ќе овозможи многу брзо полнење на батериите. Професорот Гербранд Седер и истражувачот Бујонгво Канг, велат дека материјалот може да обезбеди подолго работно време и речиси 100 пати побрзо време на полнење за разлика од батериите кои се користат во денешните мобилни телефони и преносни компјутери.
Повеќе...
 
Google воведува новини во пребарувањето
Google воведе две новини во нивниот интернет  пребарувач, кои треба да им помогнат на корисниците многу полесно и побрзо да стигнат до бараните информации. „Од денеска почнуваме да развиваме и применуваме нова технологија, која може да ги разбере асоцијациите и концептите на вашите пребарувања“, стои на официјалниот блог на Google. Новата технологија, на долниот дел од страницата кога ќе ги сумира резултатите, ќе понуди концептуално поврзано пребарување на термини.
Повеќе...
 
Нано најевтин автомобил во светот
Индискиот производител на автомобили Тата Моторс денеска на пазарот ќе го пушти најевтиниот автомобил на светот. Станува збор за моделот Нано, а основната верзија чини 1.500 евра. Автомобилот во април ќе почне да се продава во Индија. А на европскиот пазар, заради дополнителната опрема ќе чини околу 5.000 евра, и ќе се појави кон крајот на 2010 година, соопштија претставниците на Тата на женевскиот саем за автомобили.
Повеќе...
 
Риби роботи ќе откриваат загадување на водите
Иако на прв поглед се чини дека станува збор за научна фантастика, сепак рибите роботи станаа реалност. Создадени од британски научници, рибите роботи ќе ги откриваат загадувањата на речните, езерските и морските води. Рибите во форма на шарани, ќе бидат пуштени од пристаништето Хихон во северна Шпанија, како дел од тригодишен научен проект.
Повеќе...
 
Прва македонска апликација за вежбање во светот
Група на македонски програмери ја изработија првата во светот мултиплатформска апликација за вежбање, наменета за мобилни телефони. Апликацијата наречена SportyPal е дело на групацијата  CreationPal,  која е составена од млади успешни македноски програмери. Програмата овозможува непречено спортување во природа, а при тоа корисникот останува поврзан со неговото деловно и приватно опкружување.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 7 од 11