Nokia 3720 отпорен на вода и прашина
13-07-2009 10:18

Nokia 3720 отпорен на вода и прашинаNokia претстави нов мобилен телефон со релативно скромни перформанси, но затоа е отпорен на вода и прашина. За разлика од останатите телефони од оваа категорија, овој барем добро изгледа.
Nokia 3720 може да се пофали со поддршка за EDGE, камера со резолуција од само 2 мегапиксели (со LED блиц), ФМ радио, Bluetooth 2.1 и можност за проширување на меморијата со micro SD картичка.
Карактеристиките не се толку лоши, не е ништо спектакуларно. Но, Nokia 3720 слободно може да го полнете со вода и да го валкате во прашина и ништо нема да му биде. Овој телефон чини само 125 евра. Штета што нема да се појави на домашниот пазар пред да тргнете на море.
 
 
 
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари