Facebook има 250 милиони корисници
17-07-2009 09:06

Facebook има 250 милиони кориснициБројот на корисници на друштвената мрежа Facebook достигнал 250 милиони, објави вчера еден од основачите на оваа мрежа, Марк Цукерберг. На почетокот на арпил, годинава, Facebook објави дека има 200 милиони корисници, што значи дека за помалку од три месеци, стекнал нови 50 милиони корисници.
 
“Во момент кога славиме што привлековме 250 милиони корисници, нема да престанеме да го развиваме Facebook за да им понудиме на корисниците на интернет ширум светот, што е можно поефикасни услуги. Тоа значи дека ќе им бидиме достапни на луѓето во целиот свет“, навел на својот блог, 25-годишниот Цукерберг.
Facebook е основан во 2004 година во студентска соба на Универзитетот Харвард. Денес е еден од најголемите интернет сајтови за друштвено поврзување во светот и е достапен на 40 јазици. Facebook на 13 јули, годинава, објави дека неговиот финасиски партнер ДСТ, чиј сопственик е рускиот инвеститор Јуриј Милнер, објавил понуда за превземање на акците на вработените, во вкупна вредност од 100 милиони американски долари. Вредноста на фирмата Facebook се проценува на околу 6,5 милијарди долари.
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари