| Новиот пребарувач на Бил Гејтс BING напредуа |
|
Уделот на Bing во јули порасна на 9,41% од претходните 8,23% застапеност во јуни, додека истовремено Google бележи пад од 78,48% на 77,54% удел на американскиот пазар. Сепак, доколку во уделот на Bing се вброи и позицијата на Yahoo, со кого Microsoft склучи договор за 10-годишно партнерство на полето за интернет пребарување, нивниот комбиниран удел во САД во текот на месец јули би изнесувал 20,36%, наспроти 19,27% во јуни. |
Повеќе... |
|
| Мајкрософт развива мобилни апликации |
|
Софтверскиот гигант „Мајкрософт“ оваа недела им ги отвори вратите на сите заинтересирани програмери, и ги повикува на изработка на апликации за „Windows Marketplace for Mobile“, сопствена верзија на онлајн-продавница за мобилни уреди. |
Повеќе... |
| Google најавува антивирусна нирвана |
|
Google во моментов потполно ја редизајнира архитектурата на својот оперативен систем, и со него корисниците веќе нема да мораат да се грижат за црвите, вирусите или безбедносните апдејти, изјави директорот на инженеринг одделот на Google, Лајнус Апсон. Тој, вети дека доаѓањето на Google Chrome оперативниот систем ќе стави крај на ерата на компјутерски вируси. |
Повеќе... |
|
Лаптопот Xplorer X7-Xtreme S1 во моментов е најјакиот пренослив компјутер на пазарот, тврди компанијата CyberPower. Xplorer X7 има екран со дијагонала од 17 инча и full HD резолуција (1920x1200 пиксели), додека срцето на системот го сочинуваат Intel Core i7 на 2.66 GHz и одличните 6GB DDR3 меморија. Податоците се зачувуваат на 320 GB хард диск, додека графиката ја обезбедува GeForce GTX 280M со 1GB меморија. |
Повеќе... |
| И кралското семејство на Твитер |
|
Британското кралско семејство отвори профил на друштвениот сајт „Твитер“, со желба своите следбеници да ги известува за официјалните активности на своите членови, соопшти Бакингамската палата. „Кралицата Елизабета Втора е известена дека постои таква страница, но ниту еден член на кралското семејство нема да остава ’твитови‘ (куси пораки)“, изјавила една претставничка на палатата. |
Повеќе... |
|
| Британску ди-џеј алергичен на Wi-Fi |
|
Британскиот клупски Ди-џеј Стив Милер и откри на јавноста дека нормалниот живот му е буквално загрозен од безжичната локална компјутерска мрежа, позната како Wi-Fi. Милер, тврди дека секогаш кога е изложен на зрачењата на Wi-Fi уредите чувствува вртоглавица, премаленост и дезориентираност. |
Повеќе... |
| Yahoo ја редизајнира почетната страна |
|
Иако Yahoo е во финансиски проблеми, сеуште е најпосетуваниот портал на светот. Во обид да се приближи до Microsoft и Google, Yahoo ja редизајнира својата почетна страна. |
Повеќе... |
| Facebook има 250 милиони корисници |
|
Бројот на корисници на друштвената мрежа Facebook достигнал 250 милиони, објави вчера еден од основачите на оваа мрежа, Марк Цукерберг. На почетокот на арпил, годинава, Facebook објави дека има 200 милиони корисници, што значи дека за помалку од три месеци, стекнал нови 50 милиони корисници. |
Повеќе... |
| Нудистички сајт ќе му конкурира на Facebook |
|
На интернет се појави „Skinbook“, нова социјална мрежа за нудисти и натуралисти, која претендира да стане еден од ривалите на планетарно најпопуларниот Facebook. Баш како што е случајот и со Facebook, и Skinbook нуди склопување пријателства, поставување фотографии и видео клипови, формирање групи и објавување настани. Но, сепак има една радикална разлика. |
Повеќе... |
|
| За прв пат снимено породување на кит |
|
Деновиве во водите на западна Австралија, за прв пат во целост е снимено раѓање на кит. Пораѓањето на женката, успеале да го документираат двајца австралиски истражувачи, кои ја следеле сезонската миграција на најголемите морски цицачи. На истражувачите им успеало да го снимат и првото вдишување на воздух на бебето кит. |
Повеќе... |
| USB меморија од 256 гигабајти |
|
Компанијата Kingston реши да се фокусира на произведувањето на џебни USB флеш мемории со најголем капацитет. Откако претстави USB стикче со капацитет од 128 GB, сега пристигнува и верзија со двојно поголем капацитет. |
Повеќе... |
| Мајкрософт го возвраќа ударот |
|
По сензационалната најава на Google дека работи на сопствена верзија на оперативен систем Chrome OS, кој пред се ќе се базира на употребата на интернет, Мајкрософт не губеше воопшто време за одмор и веќе ги откри плановите за проектот под кодирано име „Газела“, кој ја претставува наредна генерација на интернет пребарувачи и оперативен систем. кој е наменет за рабоота на интернет. |
Повеќе... |
| Nokia 3720 отпорен на вода и прашина |
|
Nokia претстави нов мобилен телефон со релативно скромни перформанси, но затоа е отпорен на вода и прашина. За разлика од останатите телефони од оваа категорија, овој барем добро изгледа. Nokia 3720 може да се пофали со поддршка за EDGE, камера со резолуција од само 2 мегапиксели (со LED блиц), ФМ радио, Bluetooth 2.1 и можност за проширување на меморијата со micro SD картичка. |
Повеќе... |
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Лист 1 од 11 |