 Селекцијата на САД е првиот финалист на фудбалскиот Куп на конфедерациите во Јужна Африка. Американците кои до полуфиналето стигнаа во многу среќни околности, синоќа ја победија фаворизираната Шпанија со 2:0, со головите на Алтидор во 27 и Демпси во 74 минута. Тие како и што најавија така и играа и стигнаа до изненадување против европскиот шампион.
По еден гол во првото и второто полувреме и борбена игра во текот на целиот натпревар им беа доволни на Американците да ја совладаат репрезентацијата, која немаше пораз во претходните 35 натпревари во низа и имаше 15 победи по ред. Натпреварот се одигра во Блумфонтејн пред околу 35.000 гледачи. По елиминацијата на „црвената фурија“, на сегашниот состав на „кариоките“ им е олеснет патот до одбрана на трофејот од пред четири години. Јенките вечерва мирно ќе го следат второто полуфинале помеѓу Бразил и Јужна Африка и ќе го очекуваат својот противник, иако веќе далеку ги надминаа своите амбиции на ова натпреварување. Големото финале е закажано за 28 јуни во Јоханесбург. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|