Роси: Пандев е подотвен за голем клуб
29-06-2009 11:19

Роси: Пандев е подотвен за голем клубПоранешниот тренер на Лацио, Делио Роси верува дека напаѓачот на Лацио, Горан Пандев е подготвен да го напушти тимот и да побара трансфер во некој од најголемите европски тимови. Роси не се сложува со идејата, тој да биде продаден во некој од просечните италијански клубови кои ова лето се интересираат за него.
 
„Знам за интересот на Палермо и Наполи кон него, но сметам дека тој заслужува да игра во голем клуб кој е на многу повисоко ниво од овие кои се во моментов заинтересирани за него“, вели Роси во изјава за весникот „Газета дело Спорт“. Поранешниот менаџер на Лацио отсекогаш верувал во квалитетите на Горан Пандев, па токму поради оваа причина тој го насочува нашиот интернационалец да направи трансфер во поголем клуб. Делио Роси по заминувањето од Лацио во мај, се уште нема најдено нов ангажман. Во моментов преговара со неколку клуба и се ќе се знае во скоро време.
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари