Роналдо веќе му создава главоболки на Перез
14-07-2009 09:41

Роналдо веќе му создава главоболки на ПерезНајскапиот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо им создаде големи проблеми на челниците на Реал Мадрид на маркетиншки план. Португалецот на медицинските прегледи се појавил во маица со знакот на Најк, со што ги разбеснил првите луѓе на Адидас, едни од главните спонзори на "Кралскиот клуб".
Кристијано Роналдо е ексклузивен манекен на Најк и од неодамна потпиша нов мулти милионски договор со Најк.
 
Меѓу двете фирми постои голем ривалитет на пазарот, по што од Адидас регирале на ситуацијата и побарале итна средба со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез за да го решат проблемот. Доколку раководството на Реал не постигне договор со Адидас не се исклучува можноста во наредната сезона тимот да ја прмоени опремата со логото на Најк.

 

   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари