 Најдобриот играч на светот, Кристијано Роналдо ќе може да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ само доколку некој клуб плати 200 милиони евра отштета, процени претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес. Првиот човек на Реал ќе постави клаузула во договорот на Кристијано Роналдо, а според неа сумата за раскинување на договорот на португалската мага ѕвезда со шпанскиот гигант ќе изнесува извонредни 200 милиони евра, пишува Ас.
На тој начин Перес сака да биде сигурен дека нема да има интерес за 24-годишниот фудбалер. Тој, пред се се плаши од арапското влијание во фудбалот, кое троши големи суми на пари за засилување. Во јануарскиот преоден рок Манчестер Сити понуди неверојатни 115 милиони евра до Милан за услугите на Кака. Но, тогаш Кака одби да замине во Англија. Подоцна Милан за 65 милиони евра го продаде на Реал. Клаузулата на Роналдо ќе биде најголема за еден играч. Досега најголема клаузула за раскин на договорот имаше суперѕвездата на Барселона Лионел Меси. Актуелниот европски првак бара 150 милиони евра, доколку некој сака да го раскине договорот на Аргентинецот со Барселона. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|