 Кралскиот клуб го презентираше Кристијано Роналдо пред скоро полн Сантијаго Бернабе во спектакл кој сигурно ќе остане за паметење. Фановите на Реал Мадрид се собираа пред Сантијаго Бернабе во текот на целиот ден за да ја поздрават најголемата ѕвезда на светскиот фудбал во моментов. Презентацијата на Португалецот го надмина спектаклот на Кака и сигурно е на исто ниво како оној на Диего Марадона во Наполи, откако синоќа на Сантијаго Бернабе присуствуваа над 85.000 фанови.
Во последните две години Кристијано Роналдо собори многу рекорди. Откако лани ги собра сите можни индивидуални признанија во Европа и светот, летово продолжи со таквиот тренд. Стана најскап фудбалер, вреден 94 милиони евра, а од вчера го држи и рекордот на најголема поисетеност на официјална промоција. Како што најавија медиумите од Шпанија, Роналдо се појави со бројот 9 на грбот, дресот на легендата Алфредо Ди Стефано. Во краткото обраќање до фановите на Сантијаго Бернабе, Роналдо рече: “Многу сум среќен што сум тука.” “Сега мојот сон од детството стана реалност.” “Не очекував полн стадион - ова е навистина импресивно. Ви благодарам на сите што дојдовте вечерва“. До крајот на промоцијата Португалецот уште еднаш покажа дел од своите квалитети жонглирајќи пред присутните, а направи среќно едно момче кое се качи и се сликаше со него, при што доби и автограм од Роналдо. Раководството на Реал Мадрид очекува Кристијано, Кака и Бензема да го вратат Реал на врвот на шпанскиот и европскиот фудбал и тоа не кога било кога, туку веднаш, на крајот на сезоната. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|