И Коло Туре во Манчестер Сити
28-07-2009 21:39

И Коло Туре во Манчестер СитиМанчестер Сити ова лето продолжува со новите засилувања, со оглед на тоа дека веќе во медиумите во Англија се тврди дека Коло Туре од Арсенал ќе замине на лекарски прегледи во Манчестер Сити во текот на овој ден.
Според BBC Sport, екипата на Манчестер Сити е многу блиску до комплетирање на трансферот на Коло Туре од Арсенал вреден 15 милиони фунти. Иако Џон Тери беше најавуван како ново засилување во одбраната на Сити, сепак Коло Туре најверојатно ќе мора да ги засити апетитите на Хјуз за ново име во одбраната. Како име, кое би можело да го видиме до Туре во срцето на одбрана на Сити се споменува и Лескот од Евертон, кој исто така се надева на преселба во таборот на „Граѓаните“. Се очекува целата трансфер зделка да биде комплетирана до крајот на неделата и Туре да биде второто име од Арсенал по Емануел Адебајор, што ова лето од Емирати се сели во Манчестер Сити.
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари