 Суровата судбина си поигра со најтрофејниот женски ракометен клуб во Македонија, Ѓоче Петров, кој беше најголема гордост на нашата држава, поранешен европски шампион и два пати вицешампион на Стариот континент. Според претседателот на Ѓорче Петров Иван Бојков, бидејќи до сега не е најден спонзор, е откажано учеството во Лигата на шампионите, а по изборното собрание до крајот на месецот, клубот може сосема да престане да постои. „Моравме да го направиме тоа.
Подобро сега одошто да ја почнеме сезоната во ЛШ, па потоа да се откажеме и да предизвикаме санкции кон клубот и кон федерацијата. Не најдовме ни одблизу доволно пари за да обезбедиме минимум за учество во ЛШ. Никој не сакаше да го спонзорира Ѓорче Петров“, изјави Бојков. Со оглед на високиот рејтинг Ѓорче Петров и сезонава доби право да се натпреварува директно во една од четирите групи во ЛШ. Според рангирањето македонските шампионки беа во третиот шешир заедно со Будуќност, Лајпциг и Итачко. Овој најуспешен спортски колектив во Македонија го допре дното по неколку месечна голгота и барање на спонзори. Се тргна наопаку во септември минатата година, кога повеќегодишмиот спонзор Кометал, на чело со Трифун Костовски рече дека нема повеќе пари за спонзорирање на клубот. Сега ќе го снема најдобриот и најуспешниот клуб во Македонија, а ќе останат само спомените од убавите шампионски денови. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|