| Аршавин непремостлива енигма за Ливерпул |
|
Во заостанатиот натпревар од 33-то коло во Премиер лигата, големите англиски гиганти Ливерпул и Арсенал по речиси 100 спектакуларни минути игра и големи пресврти ги поделија бодовите. Гледачите на Енфилд Роуд можеa да видат вистинско гол шоу во англиското дерби меѓу Ливерпул и Арсенал. Натпреварот заврши 4-4, а најголема ѕвезда на теренот беше Русинот Андреи Аршавин, кој ги постигна сите четири гола за Топџиите. |
Повеќе... |
| Гола блондинка втрча на игралиште |
|
Млада блондинка, навивач на рагби клубот Лондон Ајриш, на навивачите и на рагбистите им приреди несекојдневно уживање, соблекувајќи се гола и втрчувајќи на теренот од преполниот стадион. Стадионот „Медејски“ кој собира 24.000 гледачи беше исполнет до последното место. Гордата блондинка, најпрвин се соблече во првиот ред од трибината, потоа ја прескокна ниската ограда и од зад грб на новинарите и снимателите со знамето на Лондон Ајриш истрча на теренот пред полниот стадион. |
Повеќе... |
| Манчестер му нуди 5 годишен договор на Македа |
|
Раководството на Манчестер Јунајтед ќе му предложи нов договор на 17 годишниот напаѓач Федерико Македа, кој се претвори во вистински херој за „црвените ѓаволи“ во последните два меча од Премиерлигата. Според „Дејли Меил“, младиот Италијанец моментално заработува 400 фунти неделно, и бонус од 2000 фунти за настап во Премиер Лигата, но раководството летоска ќе му предложи нов 5 годишен договор со неделна плата од 10.000 фунти. |
Повеќе... |
| Интер повторно заинтересиран за Пандев |
|
Горан Пандев во јуни би можел да го засили Интер и да се врати во својот матичен клуб од Италија, објави интернет страницата итаспортпрес. Интер ја следи ситуацијата и планира да достави понуда во текот на летниот преоден рок. Италијанскиот шампион деновиве бил подготвен да му понуди петгодишен договор на Пандев, кој би имал важност до 2014 година, со што струмичанецот би се вртил во Милано. |
Повеќе... |
|
| Мишел Платини ја подржа казната за Победа |
|
Откако дисциплинската комисија на УЕФА одлучи 8 години да ја суспендира Победа од Прилеп, поради местење на натпреварите со ФК Пјуник во рамките на квалификациите за Лигата на Шампионите во јули 2004 година, се огласи и претседателот на на УЕФА, Мишел Платини. „Оваа казна испраќа чист и силен сигнал дека УЕФА нема да толерира никакви валкани активности, кои имаат за цел да влијаат на резултатите од натпреварите. |
Повеќе... |
| Обама сака САД да организира СП во фудбал |
|
Освен секојдневните политички прашања и прашањата за економската криза, американскиот претседател наоѓа време да мисли и на фудбал. Барак Обама застана зад кандитатурата на САД за домаќин на светското првенство во 2018 и 2022 година. Тој напиша писмо до ФИФА во кое замолува САД да биде домаќин и организатор на едно од светските првенства во фудбал. „Како дете сум играл фудбал на прашините во Џакарта, тој спорт ги поврзуваше децата. |
Повеќе... |
| Пандев го постигна 9 сезонски гол |
|
Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев го постигна 9 сезонски гол во најдобрата италијанска фудбалска конкуренција. Пандев погоди на „Олимпико“ уште во втората минута и го најави триумфот на Лацио од 4-2 во големото римско и италијанско дерби со Рома. Нашиот интернационалец остана на теренот сите 90 минути и имаше уште една голема прилика да ја зголеми предноста на неговиот тим во второто полувреме, во 56-та минута кога неговиот удар го одбрани чуварот на мрежата на Рома. |
Повеќе... |
| Бекам најелегантен маж на светот |
|
Фудбалерот на Милан, англискиот репрезентативец Дејвид Бекам е прогласен за најдобро облечен маж на светот, според читателките на женското списание „Гламур“. На второ место на оваа листа, каде што помеѓу петте први кандидати постои сериозна конкуренција, се најде музичарот Марк Ронсон, а ѕвездата на серијата „Девојки што озборуваат“, Ед Вествик заврши како третопласиран. Следуваат холивудските убавци Бред Пит и Џони Деп, кои ги заземаа четвртото и петтото место. |
Повеќе... |
|
| И Блохин во игра за селектор на Македонија |
|
Легендата на советскиот, украинскиот и европскиот фудбал, Олег Блохин, е последното и најзвучно име за пополнување на испразнетото селекторско место во македонската фудбалска репрезентација. Од пред неколку дена и тој е во игра за наследник на Словенецот Среќко Катанец, откако менаџери од Источна Европа му го посочиле на претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески. Украинецот четири години беше на кормилото на својата земја, и за време на мандатот ја одведе Украина на Светското првенство во Германија во 2006. |
Повеќе... |
| Реванши во четвртфиналето од ЛШ |
|
Два реванш четвртфинални натпревари во ЛШ се играат вечерва. Иако ќе се судрат 4 големи тима се чини дека нема да има голема неизвесност, кога станува збор за тоа кои екипи ќе се пласираат во полуфиналето, но сепак се очекува изненадување од Ливерпул. Челзи со неочекуваната предност од 3-1 го пречекува Ливерпул. |
Повеќе... |
| Хрват кандидат за македонски селектор |
|
Еден од најдобрите фудбалски тренери од Хрватска, Бранко Иванковиќ за хрватските медиуми потврди дека почнал преговори со ФФМ за преземање на селекторската функција на Македонија. Хрватскиот фудбалски стручњак е посочен како прв избор за замена на Словенецот Среќко Катанец, кој поднесе оставка по поразот од Холандија на први април. „Македонскиот сојуз се распрашуваше за мојот статус, а луѓето кои ме застапуваат ги водат преговорите. Ништо не е дефинитивно и тоа е се што можам да кажам во моментов. Секако дека ми ласка понудата од Македонија. |
Повеќе... |
| Четвртфинални борби во ЛШ |
|
Со првите натпревари од четвртфиналето, кои се играат вечерва од 20 часот и 45 минути, започнува борбата за место во полуфиналето во Фудбалската Лига на шампиони. Манчестер Јунајтед, еден од 4 англиски тима, во оваа фаза на натпреварувањето, првата средба против португалскиот Порто, ја игра пред своја публика на Олд Трафорд. |
Повеќе... |
|