Спорт
Бусака ќе го суди финалето во ЛШ
Финалниот натпревар во Лигата на Шампионите меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона, кој ќе се одигра во среда од 20:45 минути на Олимпискиот стадион во Рим ќе го суди Масимо Бусака. Ова ќе биде второ големо европско финале за 40-годишниот Бусака, кој го судеше финалниот меч од Купот на УЕФА во 2007, меѓу Еспањол и Севиља. Тој беше судија и во 2006 на СП и во 2008 на евопското првенство, каде го судеше полуфиналето помеѓу Германија и Турција.
Повеќе...
 
Волфсбург за прв пат шампион на Германија
Фудбалерите на Волфсбург денеска ја освоија првата шампионска титула во германската Бундес лига, откако на домашен терен го совладаа Вердер од Бремен со убедливи 5:1. Екипата на Феликс Магат ја заврши сезоната со 69 бода, два повеќе од сега веќе вицешампионот Баерн од Минхен, кој сепак обезбеди пласман во Лигата на шампиони преку втората позиција. Покрај Магат, најзаслужни за успехот на Волфсбург се напаѓчите Џеко и Графите со вкупно постигнати 54 гола.
Повеќе...
 
Пандев: Дефинитивно го напуштам Лацио
Горан Пандев потврди дека дефинитивно ќе го напушти Лацио. Од следната сезона  нашиот најдобар фудбалер ќе носи нов дрес. „Го напуштам Лацио. По пет години во Рим време е да го променам клубот. Потребен ми е нов предизвик, тоа е нормално за кариерата на секој фудбалер, изјави Пандев за Македонски Спорт. „Го сакам Лацио, но мислам дека ми треба поголем предизвик. Имав отворени разговори со претседателот Клаудио Лотито. Тој е свесен дека ова е најдобро решение.
Повеќе...
 
Мирсад Јонуз нов селектор
Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија денеска на 33-тата седница, донесе одлука за именување на Мирсад Јонуз за селектор на сениорската фудбалска репрезентација на  Македонија. Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески објави дека е постигнат договор со довчерашниот селектор на младата репрезентација, Мирсад Јонуз да го предводи сениорскиот тим до крајот на квалификацискиот циклус за Светското првенство.
Повеќе...
 
Џерард најдобар англиски играч
Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард е прогласен за фудбалер на годината во Премиер лигата од асоцијацијата на спортски новинари. Џерард во изборот ги победи фудбалерите на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс и Вејн Руни. Наградата на Здружението на спортски новинари е најстара од овој вид во Англија, се доделува уште од 1948 година, а Џерард е првиот фудбалер на Ливерпул, кој ја доби по Џон Барнс во 1990 година. Стивен Џерард престижната награда ќе ја прими на 29-ти мај на гала вечера во Лондон во хотелот Royal Lancaster.
Повеќе...
 
Јонуз го објави списокот на играчи
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз на својата прва прес конференција ги соопшти имињата на фудбалерите, кои ќе бидат во конкуренција за настап на натпреварите против Норвешка и Исланд. Јонуз повика вкупно 24 фудбалери, меѓу кои има и четири нови имиња Арменд Адеми (Милано), Филип Ивановски (Полонија), Филип Деспотовски (Ворксла) и Агрон Мемеди (Ренова).
Повеќе...
 
Јувентус сериозно заинтересиран за Пандев
Најтрофејниот италијански фудбалски клуб, Јувентус е сериозно заинтересиран да го доведе во своите редови најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, јавуваат италијанските медиуми. Спортскиот директор на Јувентус, Алесио Секо е подготвен да го одврзе кесето за трансферот на Пандев од  Лацио во редовите на старата дама во летниот преоден рок. Секо бил дел од финалниот натпревар од Купот на Италија, во кој Лацио ја победи на пенали Сампдорија, и тоа со цел во живо да се увери во квалитетите на Пандев.
Повеќе...
 
Чиј патлак го избезуми Роналдо?
На јавноста и се добро познати фудбалските подвизи на фудбалерот на Манчестер Јунајтед и најдобриот светски фудбалер за мината година, Кристијано Роналдо. Сепак, деновиве на еден тренинг во Манчестер за среќа на неговите љубопитни обожаватели, камерите успеаја да го фатат во навистина несекојдневна ситуација. На видео каналот You Tube се појави снимка, која на мошне интересен начин покажува како Роналдо реагира на некој што е повеќе надарен од него.
Повеќе...
 
Фиорентина го посакува Пандев
La Gazzetta dello Sport, објави дека Фиорентина го посакува Горан Пандев во своите редови. Весникот вели дека напаѓачот би требало да пристигне на Артемио Франки како замена за Адриан Муту, кој е мета на Возбург и на Баерн Минхен. Целиот тренерски персонал заедно со Чезаре Прандели и управата на Виолетовите, веруваат дека Пандев е способен да го замени Романецот, а како предност плус за овој трансфер се додава и способноста на Горан да игра како полу-шпиц зад Џилардино или како негов рамноправен партнер во нападот.
Повеќе...
 
Шахтјор го освои последниот Куп на УЕФА
Фудбалерите на Шахтјор се победници на последното издание на Купот на УЕФА, откако синоќа во финалето во Истанбул, по продолженијата го совладоа Вердер Бремен со 2:1. Ова беше последно издание на УЕФА купот, бидејќи во новата сезона екипите ќе се натпреваруваат во УЕФА Евролига. Финалето се одигра на стадионот „Шикру Сарачоглу“, каде со голот на Луис Адриано во 25-та минута Шахтјор поведе, но 10 минути подоцна Вердер по слободниот удар на Налдо и грешката на голманот Пјатов го израмни резултатот на 1:1.
Повеќе...
 
Манчестер Јунајтед повторно првак на Англија
Иако одиграа 0:0 со Арсенал фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја освоија третата последователна титула шампион на Англија, а 18-та во клупската историја. Клубот од „Олд Трафорд“ ја обезбеди одбраната на тронот на коло пред крајот на Премиер лигата. Манчестер Јунајтед и Арсенал одиграа рамноправен натпревар без многу шанси за гол. Арсенал се обидуваше да им го расипе славјето на Црвените Ѓаволи, но Јунајтед успеа да не прими гол.
Повеќе...
 
Пандев со Лацио до првиот трофеј
Прв трофеј за Горан Пандев во италијанскиот фудбал! Македонскиот фудбалер Горан Пандев со својот Лацио го освои својот прв трофеј во професионалната кариера. Во финалето на италијанскиот куп, Лацио ја совлада Сампдорија на пенали, откако по 120 минути игра беше 1:1. Лацио и Сампдорија одиграа тврд натпревар во кој мораше да се изведуваат пенали за да се одлучи, кој ќе биде освојувач на Купот на Италија. Лацио поведе преку Зерате во 5-тата минута, а во 33-тата израмни Пацини.
Повеќе...
 
Олд Трафорд ќе стане најголем англиски стадион
Управата на актуелниот светски, европски и англиски фудбалски шампион Манчестер Јунајтед, најави дека ќе го прошири својот „Театар на соништата“ за нови 20.000 места, со што би станал најголемиот англиски фудбалски храм. Легендарниот Олд Трафорд во моментов има капацитет од 75.000 гледачи и планот на управата е да се зголеми на 95.000, што би било за 5.000 повеќе од актуелниот најголем стадион во Англија „Вембли“.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 4 од 12