|
Реал Мадрид подготвува спектакл за денешното претставување на првото засилување, Бразилецот Рикардо Кака, а на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ се очекува Кака да биде поздравен од повеќе од 50.000 навивачи на Реал. Настанот ќе го следат 50 телевизиски куќи, а акредитирани се 500 новинари. Само што се симна од авионот во Мадрид, Кака кратко им се обрати на шпанските новинари: |
Повеќе... |
| Реал ќе бара 200 милиони евра отштета за Роналдо |
|
Најдобриот играч на светот, Кристијано Роналдо ќе може да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ само доколку некој клуб плати 200 милиони евра отштета, процени претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес. Првиот човек на Реал ќе постави клаузула во договорот на Кристијано Роналдо, а според неа сумата за раскинување на договорот на португалската мага ѕвезда со шпанскиот гигант ќе изнесува извонредни 200 милиони евра, пишува Ас. |
Повеќе... |
| Северна Кореја по 44 години на СП во фудбал |
|
Репрезентацијата на Северна Кореја е последниот директен патник од азискиот континент на Светското првенство во Јужна Африка 2010. За фудбалерите на оваа држава ова ќе биде второ учество на фудбалските мундијали, откако првото учество го имаа 1966 година во Англија. Севернокорејците својот пласман го обезбедија откако го освоија второто место во Групата 2 во азиските квалификации. |
Повеќе... |
| Валентино Роси: Сексам пред секоја трка |
|
Актуелниот првак во Мото ГП, Валентино Роси во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“ откри која е причината за неговите победи. Осумкратниот светски првак во мотоциклизам, изјави дека практикува секс во пресрет на секоја игра, и дека токму тоа е причината за неговите победи. |
Повеќе... |
|
| Роси: Пандев е подотвен за голем клуб |
|
Поранешниот тренер на Лацио, Делио Роси верува дека напаѓачот на Лацио, Горан Пандев е подготвен да го напушти тимот и да побара трансфер во некој од најголемите европски тимови. Роси не се сложува со идејата, тој да биде продаден во некој од просечните италијански клубови кои ова лето се интересираат за него. |
Повеќе... |
|
Суровата судбина си поигра со најтрофејниот женски ракометен клуб во Македонија, Ѓоче Петров, кој беше најголема гордост на нашата држава, поранешен европски шампион и два пати вицешампион на Стариот континент. Според претседателот на Ѓорче Петров Иван Бојков, бидејќи до сега не е најден спонзор, е откажано учеството во Лигата на шампионите, а по изборното собрание до крајот на месецот, клубот може сосема да престане да постои. „Моравме да го направиме тоа. |
Повеќе... |
| 13 милиони евра плата годишно за Роналдо |
|
Откако оствари рекорден трансфер во историјата на фудбалот, од околу 100 милиони евра Кристијано Роналдо најверојатно ќе собори уште еден светски рекорд. Португалецот во Реал ќе биде плаќан со рекордни 13 милиони евра годишно, тврди мадридскиот спортски весник „Marca“. Со таква плата Роналдо ќе застане на чело на листата на најдобро платени фудбалери во историјата на фудбалот. Досегашниот рекорд со 12 милиони евра годишно го држеше напаѓачот на Интер Златан Ибрахимовиќ. |
Повеќе... |
| Бекам полугол во реклама за долна облека |
|
Англискиот фудбалер Дејвид Бекам се појави полугол на рекламните постери на улиците во Лондон, и тоа целиот намачкан со масло, со јаже околу телото, едноставно секси. Маслото кое го истакнува неговото тело дополнително ја изразува неговата нова црно бојадисана коса со фризура на педесеттите години од минатиот век. Сето тоа е дел од кампањата на долната облека на Армани. Бекам на рекламните постери е облечен во тесни Emporio Armani боксерки. |
Повеќе... |
|
| САД се првите финалисти во Купот на конфедерации |
|
Селекцијата на САД е првиот финалист на фудбалскиот Куп на конфедерациите во Јужна Африка. Американците кои до полуфиналето стигнаа во многу среќни околности, синоќа ја победија фаворизираната Шпанија со 2:0, со головите на Алтидор во 27 и Демпси во 74 минута. Тие како и што најавија така и играа и стигнаа до изненадување против европскиот шампион. |
Повеќе... |
| Пецевска потпиша за Будуќност |
|
Драгана Пецевска, левото крило на македонската ракометна репрезентација и досегашен капитен на Ѓорче Петров потпиша едногодишен договор со Будуќност од Подгорица. Пецевска е третото ново име во редовите на Будуќност. За црногорскиот шампион веќе потпишаа хрватската репрезентативка Лидија Хорват како и унгарската репрезентативка Пироска Саморански. |
Повеќе... |
| ЛА Лејкерс ја освоија 15-та НБА титула |
|
Кошаркарите на ЛА Лејкерс се новите шампиони во НБА лигата. Раноутрово ја постигнаа четвртата победа во финалето на НБА лигата и со 99:86 како гости славеа кај Орландо Меџик, што значеше 15-та титула за езерџиите. Тимот на Орландо не успеа да стигне до уште една победа на домашен терен и се чини дека двата пораза во продолжение од претходните дуели оставија последици за конечниот триумф од 4:1 во добиени натпревари за ЛА Лејкерс. Клучната разлика гостите за победата ја остварија во вториот период кога четвртината ја добија со 30:18. |
Повеќе... |
| Кристијано Роналдо се смува со Парис Хилтон |
|
Кристијано Роналдо, е во центарот на вниманието поради неговиот рекорден трансфер во Реал Мадрид вреден 96 милиони евра. Тој заминувањето од Манчестер го прослави во прегратките на Парис Хилтон. За време на краткиот одмор во Америка, Роналдо најде време и за кратка љубовна афера со кралицата на забавите, Парис Хилтон. Португалската ѕвезда ја бакнуваше и галеше дваесет и осум годишната блондинка во еден од најексклузивните клубови на Холивуд, MyHouse. |
Повеќе... |
|