Спорт
Лотито: Пандев може да замине за вистинска цена
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито уште еднаш потенцира дека Пандев може да си оди од клубот, доколку пристигне соодветна понуда за него. Почетокот на сезоната се ближи, а иднината на Пандев сеуште е неизвесна.
Повеќе...
 
И Коло Туре во Манчестер Сити
Манчестер Сити ова лето продолжува со новите засилувања, со оглед на тоа дека веќе во медиумите во Англија се тврди дека Коло Туре од Арсенал ќе замине на лекарски прегледи во Манчестер Сити во текот на овој ден.
Повеќе...
 
Роберт Попов на проба во Шалке 04
Македонскиот репрезентативец Роберт Попов замина во Гелзенкирхен, Германија каде што во наредните неколку дена ќе биде на проба во бундеслигашот Шалке 04.
Повеќе...
 
Дел Пјеро во Јувентус до 2011
Италијанските медиуми објавија дека Алесандро Дел Пиеро го продолжи договорот со „Старата Дама“ до 2011. Капитенот на Јувентус (34) најави дека сеуште е во полна форма и се надева на место во првиот тим на Јуве. Во минатата сезона Дел Пиеро одигра далеку над нивото кое се очекуваше од него а истата ќе биде запаметена како една од оние во кои ветеранот постигнуваше прекрасни погодоци од слободни удари.
Повеќе...
 
Пато се ожени со актерката Стефани
Ѕвездата на Милан, Александар Пато и го кажа судбоносното „Да“ на Стефани Брито. На церемонијата учествуваа бројни џет-сетери, но најмногу имаше фудбалери. 19-годишниот Пато и 22-годишната бразилска актерка, се венчаа во црквата Сао Франциско де Паоло во Рио де Жанеиро. Меѓу 250-те гости беа и сонародниците на Пато, Кака и Кафу, и спортскиот директор на Милан, Ариедо Браида.
Повеќе...
 
Паѓаат облози за близначките Федерер
Само 2 дена откако се родија близначките на Роџер Федерер, Шарлен Рива и Мила Роуз, британските обложувачници понудија коефициенти за евентуална победа на девојчињата на Вимблдон. Британскиот „Ледбрукс“ на една вложена фунта ќе исплати 100 ако кога било Шарлен или Мила го освојат турнирот што се игра во Лондон, во Ол-Ингланд клубот.
Повеќе...
 
Камп Ноу ќе се сели на море
Раководството на актуелниот европски фудбалски шампион, Барселона од 2011 година планира да започне изградба на нов стадион, кој ќе се наоѓа на море, пишуваат шпанските медиуми. Стадионот го проектирал познатиот британски архитект Норман Фостер кој, меѓу останатите, го проектирал и новиот Вембли.
Повеќе...
 
Роналдо веќе му создава главоболки на Перез
Најскапиот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо им создаде големи проблеми на челниците на Реал Мадрид на маркетиншки план. Португалецот на медицинските прегледи се појавил во маица со знакот на Најк, со што ги разбеснил првите луѓе на Адидас, едни од главните спонзори на "Кралскиот клуб". Кристијано Роналдо е ексклузивен манекен на Најк и од неодамна потпиша нов мулти милионски договор со Најк.
Повеќе...
 
Зенит не се откажува од Горан Пандев
Зенит од Санкт Петербург е упорен во својата намера да го ангажира Горан Пандев и до Лацио достави понуда вредна 13 милиони евра. Имено, понудата на Зенит е за само два милиона евра помала од таа што ја бара претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, за да почнат преговори за евентуалниот трансфер и се очекува рускиот тим во следните денови да ја зголеми понудата.
Повеќе...
 
Роџер Федерер доби близначки
Првиот рекет на светот, Швајцарецот Роџер Федерер и неговата сопруга Мирка добија близначки, соопштено е на сајтот на најдобриот тенисер на светот. „Ова е најголем ден во нашите животи“, се наведува во соопштението на Федерер објавено на неговата Интернет страница.
Повеќе...
 
Се затвараат фитнес клубовите во Турција
Турција започна масовно да ги затвара фитнес клубовите. По наредба на турскиот државен министер задолжен за спорт, Фарук Јозак, затворени се десетици фитнес клубови во 28 градови во Турција, објави турскиот спортски дневен весник „Фанатик“.  Според весникот, во образложението на одлуката на Јозак се наведува дека фитнес клубовите се затворени бидејќи станале „собиралишта на хомосексуалците“.
Повеќе...
 
Џерард до пензија на Енфилд
Капитенот на англискиот премирлигаш Ливерпул, Стивен Џерард, потпиша нов четиригодишен договор со црвените, објавија англиските медиуми. Договорот усно бил заклучен уште во април, но дури сега следело потпишувањето, според кој Џерард сега ќе заработува 140.000 фунти неделно, и повеќе од сигурно дека ќе ја заврши кариерата во матичниот клуб.  
Повеќе...
 
Кралски пречек на Кристијано Роналдо
Кралскиот клуб го презентираше Кристијано Роналдо пред скоро полн Сантијаго Бернабе во спектакл кој сигурно ќе остане за паметење. Фановите на Реал Мадрид се собираа пред Сантијаго Бернабе во текот на целиот ден за да ја поздрават најголемата ѕвезда на светскиот фудбал во моментов. Презентацијата на Португалецот го надмина спектаклот на Кака и сигурно е на исто ниво како оној на Диего Марадона во Наполи, откако синоќа на Сантијаго Бернабе присуствуваа над 85.000 фанови.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 12