Вини Џонс ќе го игра Аркан
21-07-2009 11:08

Вини Џонс ќе ја толкува улогата на покојниот српски злосторник Жељко Ражнатовиќ Аркан, во новиот филм на режисерот Џон Ирвин „Валкана војна“. Снимањето на овој филм за првпат е најавено пред три години, но продуцентите се чини дека дури сега успеаја да соберат пари за негова реализација, пишува британскиот весник „Сандеј експрес“.
Поранешниот британски фудбалер е познат по улогите на комични негативци во филмовите на Гај Ричи „Снеч“ и „Две нечисти двоцевки“. И покрај тоа што досегашните играни ликови не можат да се споредат со ликот на Аркан, нема сомнеж дека токму ликот на воениот злосторник и сопруг на српската фолк-пејачка Цеца Ражњатовиќ совршено ќе му одговара. Филмот ќе биде во режија на Британецот Џон Ирвин, а главата улога му е доверена на Руберт Грејвс. Случувањата во филмот се делумно базирани на вистински настани и тие го следат животот на Едуардо Чик Флорес, боливиски воен дописник, кој во 1991 година формира доброволен вод, со цел да одбрани едно славонско село од српска окупација. Продуцентите уште во 2006 година улогата на Аркан му ја понудија на Горан Вишњиќ, но тој ги одби, по што се свртеа кон Џонс, каде што наидоа на добра волја. Интересно за Џонс е неговата фудбалерска кариера во која бил 12 пати исклучен, а го чува и рекордот на најголем број добиени жолти картони.
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари