Тамара победи на Европа пее
06-07-2009 09:58

Тамара победи на Европа пееТамара Тодевска го освои Гран При-то на првото издание на Интернационалниот избор на поп изведувачи „Европа пее“, што прв пат се одржа на тврдината Кастел во Бања Лука. Во конкуренција од седум имиња од Литванија, Ерменија, Бугарија, Хрватска, Полска, Србија и Босна и Херцеговина, Тамара ја освои првата награда со одлука на петчленото меѓународно жири, чиј претседател беше нашата поп-дива Калиопи, а членови беа: Синан Алимановиќ диригент, пијанист и член на легендарните Индекси, Томаж Пузл, директор на MTV од Полска, Зоран Николиќ, професор на музичката академија во Бања Лука и Предраг Леѓ, музички продуцент од Белград. Согласно пропозициите на изборот, сите пејачи на „Европа пее“ изведоа по две песни една своја и една странска. Тамара во првиот дел настапи со песната „Ти давам се“ од Калиопи и Димитров. А во вториот дел од натпреварувањето Тамара настапи со песна од својата миленичка Алиша Кис. Освен Тодевска, наградени беа и Игор Вукоевиќ од БиХ и Себастијан Плевински од Полска. Признанијата на изведувачите им ги додели Калиопи, која настапи и како специјален гостин на изборот. Таа изведе неколку теми од новиот албум, а на барање од публиката, на клавир ја испеа Бато.
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари