 Ѕвездата на серијата и филмот „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер (44) и нејзиниот сопруг Метју (47) Бродерик добија две ќерки близначки. Со оглед на фактот дека неможат да имат деца, близначките ги роди мајка сурогат, која холивудската двојка ја ангажираше за да им роди дете. Сара и Метју се пресреќни, девојчињата се родија живи и здрави, изјави нивниот портпарол.
Пресреќните сопружници откриле дека девојчињата ќе се викаат Marion Loretta Elwell и Tabitha Hodge Broderick, и дека Hodge и Elwell се семејни имиња од страната на Паркер. Иако изминативе месеци имаше гласини за распаѓање на нивниот брак, Паркер и Бродерик со проширувањето на семејството ја зацврстуваат својата врска, пишуваат американските таблоиди. Двојката Сара-Метју не можеше да зачне дете по природен пат, откако пред 6 години го добија нивниот син Џејмс Вилки. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|