Ријана стана тату мајстор
04-07-2009 13:23

Ријана стана тату мајсторПејачката од Барбадос почна да зема часови по тетовирање и со тоа покажа дека освен тоа што е одлична пејачка и танчерка, може да работи и како тату мајстор. Можноста да по нивното тело црта Ријана, не ја пропуштија неколку обожаватели, кои гордо ја покажаа буквата „R“, која Ријана им ја истетовира во едно од најпознатите студија за бодиарт во Њујорк. Ријана неколку пати покажа колку го цени бодиартот. Но овој пат таа ја покажа својата вештина на дело. Сепак и покрај убавата вечер за Ријана, таа може да добие казна бидејќи не смеела да тетовира затоа што сеуште нема лиценца за таа дејност. Според пишувањата на американските медиуми, тату салонот е под истрага поради кршење на градскиот здравствен протокол. Не е познато колку тетоважи поседува таа самата, но се знае дека откако ја истепа Крис Браун истетовира пиштоли.
 
 
 

   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари