Ријана снима нов албум
27-07-2009 13:37

Ријана снима нов албумПо шестмесечниот хаос во нејзиниот приватен живот, пејачката од Барбадос повторно влезе во студио и почна да работи на новиот албум. „На себе ќе си направи нов музички идентитет. Засега има само неколку песни, но преовладува техно звукот“, изјави извор близок на добитничката на Греми наградите.
Иако многу пејачки од своите лични трагедии заработија така што ги претворија во песни, тоа нема да се случи со Ријана која нема да сними музичка верзија на пеколот низ кој помина со Браун.
Не Јо, еден од соработниците на нејзиниот нов албум за MTV изјави дека не сака да се меша во приватниот живот на Ријана. „Нема да снимаме песни за она низ што помина. Сите знаат што се случи“, изјави тој. Аренби ѕвездата досега има објавено три албуми од кои последниот „Good girl gone bad“ излезе во 2007 година.
   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари