 Најубавиот холивудски пар, Анџелина Џоли и Бред Пит, со цела сила се борат да ја спасат врската. Извор близок до двојката вели дека се во криза поради намалената страст. „Најголем проблем им е тоа што имаат многу успешни кариери и шест мали деца, па поради многубројните обврски емотивно се разделија. Меѓутоа, свесни се за љубовта, која ги држи заедно и ќе дадат се од себе за да ја обноват старата страст, објаснил близок пријател.
Бред и Анџелина одлучиле старата страст да ја обноват таму каде што и започнала, на снимањето на филмот за тајните шпиони кои се во брак „ Господин и госпоѓа Смит“. Бидејќи сценаристот на филмот Симон Кинберг е близок пријател на двојката, Бред го замолил да напише продолжение за филмот, кој би требало да ја обнови и нивната врска. „Се надеваат дека искрата на страст ќе се запали и по втор пат и оти ќе се обнови љубовта која ги заробила пред пет години“, објаснил гласноговорникот на Џоли и Пит. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|