Памела Андерсон во Црна Гора
13-07-2009 08:41

Памела Андерсон во Црна ГораХоливудската ѕвезда, актерката Памела Андерсон (42) која е заинтересирана за инвестирање во Црна Гора, денеска пристигнува во Подгорица, јавија локалните медиуми. Како приврзаник на здравиот начин на живот и заштитник на природата, Андерсон е заинтересирана да вложи дел од своето богатство во неколку проекти на групацијата Атлас, во хотелско здравствениот комплекс во Подгорица. „Кога моите деловни партнери од Абу Даби прв пат ми зборуваа за Црна Гора и работењето на Атлас групацијата, ми звучеше одлично. Земја со таква убавина и фасцинантна историја веднаш ме заинтересира“, изјави Андерсон за телевизијата Атлас.
Вип-гостинката во својата листа на барања навела дека мора да и се обезбеди луксузна јахта со која би крстарела по Јадранот, што секако домаќините и обезбедиле. Станува збор за моделот "Доминатор", долга 11 метри, опремена со најсовремени уреди. Познато е дека Памела е личност која се храни само со органска храна. Барала храната да биде од органско потекло и да има вегетаријанско мени. Исто така, барала огромна количина шампањско. Кога Памела ќе сака да излезе од јахтата, да се прошета по брегот и да ужива во еколошките убавини на Црна Гора, ќе ја следат 15 телохранители. Менаџерот на холивудската актерка, Питер Ашер пред неколку месеци престојуваше во Црна Гора, кога и беа договорени деталите за соработката на Андерсон со црногорскиот бизнисмен Душко Кнежевиќ. Памела Андерсон во Црна Гора ќе остане до 16 јули.  
 



   

Коментари  
 

Просечен рејтинг

   (0 гласови)

 


Остави коментар
Само регистрираните корисници може да коментираат. Регистрирај се или најави се.

Нема коментари