 Влезниците за 10-от музички фестивал „Егзит“, што ќе се одржи од 9 до 12 јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија наменети за земјите од регионот на Југоисточна Европа веќе се распродадени. Од почетокот на продажбата досега се продадени над 20.000 влезници вон Србија. Но сите посетители од регионот, кои не стигнаа до билети сеуште можат да ги најдат на официјалните продажни места во Србија, каде покрај четвородневните сеуште можат да се најдат и дневни билети.
Цената на билетите во Србија во моментов е 9990 динари (околу 170 евра), а во продажба се и билетите за секој од четирите дена на фестивалот Егзит. Цената на билетите за четвртокот и петокот изнесуваат 3490 динари (околу 38 евра) и за сабота и недела 3990 динари (околу 42 евра). Егзит оваа година, наспроти големата економска криза, бележи рекордно интересирање и надвор од границите на Србија. Влезниците за десеттиот Егзит во моментов се најпродавани во Велика Британија, а има и заинтересираност од Австралија и Северна Америка. На годинашниов „Егзит“ на 25 бини ќе настапат Лили Ален, Пети Смит, Арктик Манкис, Меник Стрит Причерс, Корн, Крафтверк, Моби, Продиџи, Меднес, Карл Кокс, Ричи Хоутин, Саша и други. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|