 Бидејќи никакви тестови не можат да бидат направени додека не се стврдне ткивото на мозокот, семејството на Мајкл Џексон за да не го одложува погребувањето, одлучи пејачот да биде закопан без мозок. Од анализата на мозочното ткиво ќе се покажат точно кои лекови ги примал Џексон додека бил жив, а можеби ќе се открие и вистинскиот причинител за смрта на Џексон. Но во семејството Џексон се води војна на кој начин да биде закопан Кралот на поп музиката.
Спектакуларно или достоинствено? Четирите браќа Џаки, Тито и Марлон сметаат дека Мајкл заслужува урнебесен погреб и сакаат отворениот ковчег да помине по сите улици. Браќата се одлучни во намерата погребот да биде вистински showbizz спектакл, додека нивната 79-годишна мајка сака ковчегот да биде затворен, поради трите деца, над кои таа има привремено старателство. Двете најстари деца Prince Micheael и Paris се изјасниле дека сакаат да учествуваат на погребот, за најмладиот син Prince Mishael II ќе одлучи баба му. Комеморацијата на Кралот на попот започнува во вторник во 19 часот по средноевропско време во Центарот Staples во Лос Анџелес, на насобраните обожаватели ќе им пее Stevie Wonder, а можно е да учествува и Jennifer Hadson. Властите во Лос Анџелес се подготвуваат за масовен собир. Помошник-шефот на полицијата, Ерл Пејсингер, рече дека од 250 до 700 илјади луѓе можеби ќе се обидат да дојдат до арената. Сепак, широк дел околу „Стејплс центар“ ќе биде затворен за тие што нема да имаат билети. Се уште нема никакви детали за тоа што ќе се случува во „Стејплс центар“. |
|
|
| Коментари |
|
Просечен рејтинг
(0 гласови)
|
|
Остави коментар
|